FB IMG 1695720263772

Пишува: Ангелина Василевска, психолог и образовен асистент за деца со посебни потреби

Дали сме благодарни? Поставете си го ова прашање на себеси и сами ќе си го најдете одговорот. Ајде малку пошироко да ја разработиме оваа тема.

Благодарноста е чувство кое не прави посреќни, поисполнети и позадоволни. Доколку ние го поседуваме тоа чувство развиваме емпатија, им се радуваме и восхитуваме не само на нашите успеси и победи, туку и на другите околу нас. Меѓутоа не секој од нас е благодарен. За среќа благодарноста не е вродена, таа може да се научи, да се усвои преку домашното воспитување, секојдневните животни искуства и ситуации, па со труд секој од нас може да ја има како дел од себе, како позитивна карактеристика на личноста. Токму затоа најдете слободно време и искористете го истото за размислување за вашиот живот, и на тој начин ќе сфатите дека имате многу работи за кои треба да бидете благодарни. Треба да разберете дека секое нешто во вашиот живот си има своја вредност и токму затоа треба да цениме и да сме благодарни. Нашите животи се преполни со настани и чуда кои не инспирираат да бидеме благодарни и да му се радуваме на секојдневието. Исто така не смееме да заборавиме дека чувството на благодарност го храни нашиот мозок и го исполнува истиот со позитивни мисли. Токму затоа благодарноста нека биде ваша секојдневна рутина.

благодарни

Уживајте во сопствената благодарност, бидејќи сите подеми и падови во животот ни овозможуваат да растеме и да се развиваме во уште поквалитетни личности. Исто така благодарноста ги зајакнува нашите афирмативни ставови кон нештата и случките во нашите животи.

Има многу работи во животот за кои треба да бидеме благодарни, првенствено тоа што се будиме секое утро здрави и живи, што имаме семејство кое неизмерно не сака и поддржува во се, а потоа за нашите професии, нашите работни места, одморите кои ги поминуваме со саканите, дружбата со пријателите и уште многу прекрасни моменти што се дел од нашите животи. Покрај сето ова многу важно е да знаете и често да го употребувате зборот благодарам, односно да се заблагодарите некому за нешто. Тоа позитивно влијае на вас и на другите околу вас, а истото можеме многу лесно да го направиме преку едноставните работи во знак на благодарност: подарување насмевка, прегратка, искажување љубов и сл. Меѓутоа не треба да бидеме благодарни само на убавите работи кои што ни се случуваат во животот. Треба да му се заблагодариме на животот и за негативните работи, бидејќи со нашата благодарност можеме да ги надминеме сите потешкотии и проблеми, односно на негативните ситуации во животот да гледаме од позитивната страна, а со тоа стануваме посилни личности. Имено благодарноста треба да ни стане навика и на тој начин ќе привлекува позитивни работи и успех во нашите животи, бидејќи придобивките од нејзиното практикување се речиси бесконечни. Благодарноста е корисна алатка за емоционално тренирање, ни овозможува полесно да се справуваме со нашите чувства.

Токму затоа бидете благодарни како за големите така и за малите нешта во животот, за предизвиците што ви ги носи и претворете ги истите во можности. Искажете им благодарност на луѓето кои ви значат преку посветување на вашето внимание, возвраќање на некоја услуга и сл.

Доколку се уште сметате дека не ја поседувате особината благодарност, мој совет како психолог е да ве насочам да пробате да водите дневник на благодарност во кој секојдневно или во зависност од вашето време на располагање ќе ги запишувате настаните и случките кои што ви се случуваат во животот и на тој начин ќе сфатите дека имате многу работи за кои треба да сте благодарни.

Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …
jk travel hoteli vo grcija

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…