young woman 2447785 1280

„Бидете тоа што сте“ – Мудри совети кои сте ги слушнале многу пати и сте ги добиле од семејството или пријателите или сте ги прочитале некаде. Но, зошто е толку тешко да се примени во животот? Зошто ви е тешко да бидете вие? Можеби затоа што не знаете кој сте навистина.

Кога бевме деца не се грижевме за ставовите, предрасудите или мислењата на другите луѓе, живеевме во сегашноста, а нашата самодоверба потекнуваше од нашата автентичност и нашето вистинско битие. Како што старееме, нашите мисли стануваат подоминантни. А со мислите доаѓаат и стравовите и наеднаш се зголемува нашата потреба за прифаќање од другите.

Нашата самодоверба сега буквално зависи од другите луѓе и нивното мислење за нас. Овој нов „систем за самоевалуација“ не принудува да се промениме! Тоа нè наведува да создаваме лажна слика за себе, т.е. сон. Полека почнуваме да забележуваме како различни луѓе очекуваат различни работи од нас: нашите родители, нашите учители, нашите пријатели, религиозните власти, нашите шефови, нашите браќа и сестри, нашите сопружници и така се делиме на десетици различни верзии од себе. Стануваме толку добри во играњето и „толкувањето“ на улогите што ни се наметнати што забораваме кои сме навистина. Кога вашата самодоверба доаѓа од лажна слика за себе наместо од вашата автентичност, постојано се чувствувате вознемирени, неисполнети и нецелосни.

Несигурноста се формира кога очекувате надворешноста да одговара на сликата што сте ја создале за себе, иако знаете дека тоа не е вистинската слика за вас. Така учиме да се мразиме себеси. Оваа лажна слика е психолошки позната како вашето „его“. Егото е одговорно за потребата секогаш да се биде „во право“. Мораме да се чувствуваме правилно и да им докажуваме на другите дека не се во право затоа што сакаме да ја заштитиме оваа лажна слика што ја проектираме кон надворешниот свет, за да се чувствуваме сигурни и доследни со себе. Вашата вистинска слика е нешто сосема друго. Длабоко во вашето несвесно битие, знаете дека оваа слика (или слики) за себе не е вистинита туку наметната, длабоко во себе знаете дека се преправате, ја лажирате, на пример, ако имате лажна слика за себе дека сте сте „паметна и духовита личност“, вашата самодоверба е разнишана доколку некој ве надмине. Се убедуваме дека нешто мора да биде „во ред“, што дополнително раѓа постојана борба за совршенство и одобрување од другите. Толку многу страдаме и се стремиме да бидеме важни, успешни, богати, славни, моќни и тоа го правиме со тоа што го принудуваме нашиот „сон“, нашата лажна слика и илузија да бидат пореални и поважни од соништата на другите луѓе.

Ова страдање што го претрпуваме за да бидеме совршени во суштина е да ги задоволиме или импресионираме другите луѓе. Не е точно дека треба да се однесуваме на одреден начин или да преземаме одредени улоги на себе (кои не се во согласност со нашето внатрешно битие) за да си признаеме дека сме добри, достојни за љубов и прифаќање. Совршенството не постои. Никогаш нема да бидете доволно добри, доволно здрави, доволно паметни или доволно убави затоа што бркате идеал кој е само илузија, сон. И бркајќи, изгоруваш – се губиш по пат.

РАЗБУДЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА АВТЕНТИЧНОСТ

Можете ли да го замислите хаосот во една душа која се обидува да најде љубов и одобрување надвор од себе, во надворешниот свет? Не треба да замислувате, само погледнете околу себе, тоа е реалноста на многу луѓе. Љубовта ја бараме однадвор, но љубовта е веќе со нас, внатре во нас, насекаде. Се плашиме да сакаме и прифатиме затоа што всушност се плашиме да не бидеме отфрлени. Но, додека не научиме да се сакаме себеси, никогаш нема да можеме вистински да ги сакаме другите. Како да престанеме да се отфрламе себеси? Како да престанеме да бидеме самоуништувачки? Треба да престанеме да се преправаме дека сме нешто што не сме и повторно да ја откриеме нашата автентичност – всушност, да ја вратиме.

Извор

Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” и во БИТОЛА
Задоволство ни е да ви најавиме дека, по повод 10 години од …
Емоционално јадење – барање утеха во храната
Во денешно време, дебелината е многу чест проблем. Бројот на заболени од …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…