Овој викенд, музичката сцена во Македонија ќе го доживее еден од најголемите настани годинава – легендарниот Armin Van Buuren пристигнува во Битола!
По минатонеделните настапи со David Guetta во Ибица и неговиот сет на главната бина на Tomorrowland, Armin Van Buuren – светскиот маестро на електронската и транс музика – ќе настапи во недела, на 3 август, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Настанот е во организација на Avalon и ветува уникатно музичко доживување какво што ретко се случува во регионот. Публиката од цела Македонија и пошироко е поканета на овој незаборавен настан под отворено небо.
🎫 Влезниците се достапни преку avalonbooking.mk, како и во продажните места: Димпо тобака, Јагода, Кај Аждер и Ариес Травел.
📍Недела, 3 август
📌 Стадион „Петар Милошевски“, Битола
Подгответе се за вечер исполнета со енергија, звук и светло – Armin Van Buuren ве очекува!








