После 4 дена и ноќи, на 10 јули заврши 21-то издание на фестивалот Егзит кој се одржува во Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија. После две години пандемија, годинава фестивалот го посетија 200.000 посетители од над 100 земји во светот, а настапија 1000 изведувачи на 40 фестивалски бини. Агим Џело – Забот од Битола веќе 15 години медиумски е присутен на фестивалот. Ни ги раскажа импресиите од ова издание и кој изведувач му остави најголем впечаток.

292716605 10226621566420643 4031296205886932929 n

Читај бе: Скоро секоја година си присутен на фестивалот Егзит. Колку години по ред го посетуваш фестивалот и работно и приватно?

Агим: Па да, на Егзит редовно одам од 2005-та, како акредитирано лице од ТВ Тера. Имав пауза 2007 и 2013 година затоа што бев отсутен од Македонија тогаш. И нормално 2020 година кога фестивалот не се одржа заради ковид пандемијата. Што значи 14-15 години сум дел од Егзит фестивалот.

293088233 2994268020793905 2870563924658057734 n

Читај бе: Дали фестивалот се врати на старо после две години пандемија? Каква беше организацијата оваа година?

Агим: Искрено, лани се одржа фестивалот под строги протоколи според пандемијата и за чудо и лани беше доста успешен заради тоа што фестивалот славеше 20 години постоење, прослава која требаше да се одржи во 2020, но се одржа во 2021 година. Годинава се беше по старо, немаше посебни правила и протоколи, повторно народ од цел свет ја „окупира“ тврдината и Егзит беше повторно вратен во живот.

Читај бе: Кои беа главните артисти годинава на Егзит? Кој предизвика најголемо внимание?

Агим: Годинава имаше навистина големи имиња на повеќето сцени на Петроварадинската тврдина, пред се тоа беа ѕвезди од електронската музика, но исто така на главната сцена на Егзит настапи човекот кој мене ми привлече најмногу внимание, а тоа е Ник кејв и неговиот бенд „Bad seeds“, кој одржа концерт пред повеќеилјадна публика и концертот траеше над два часа. Нормално, она што беше за мене интересно, тоа беа настапите на групите „Sepultura“ кои настапија на четвртата вечер и „Napalm death“ кои настапија на првата вечер на главната сцена. Од електронската музика на главната сцена и денс арена настапија голем број познати ѕвезди како што се Igy Azalea, AfroJack, Kalvin Haris, Artbat, Boris Brejcha и многу, многу други. И секако да не го заборавиме нашиот Кирил Џајковски.

293478144 10226641016586885 1034205245072809275 n

Читај бе: Што е она што тебе ти остави најголем впечаток од годинешното издание на Егзит?

Агим: Како што спомнав, најголем впечаток ми остави концертот на Ник Кејв, но и беспрекорната организација на фестивалот. Замислете, во четирите вечери низ вратите на тврдината поминаа околу 200 000 посетители и немаше никаков проблем. Ете тоа ми се допаѓа на овој фестивал, беспрекорна организација, добри услови за работа во прес центарот и нормално, публиката која го прави фестивалот навистина посебен.

292316028 456043839326478 7351018564841604690 n

Читај бе:  Колку битолчани имаше годинава и како било изминатите години интересот кај битолчани да го посетата Егзит?

Агим: Организираниот превоз кој го имаше и оваа година од Скопје, не го користеа многу битолчани, освен три-четворица, но она што е интересно, последните години, а исто и годинава голем број битолчани на Егзит одат со сопствени возила, па така и годинава околу 50-тина битолчани беа дел од 21-то издание на Егзит фестивалот во Нови Сад. И за крај сакам да кажам дека покрај двата прилози кои се емитуваа во вестите на Тера, наскоро ќе има и емисија посветена на овој фестивал.

meblo trejd popust 1

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

    Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…