Младата битолчанка Марија Цветановска на Youtube го промовираше видео спотот за песната „Засекогаш твоја“ која беше создадена за Охрид Фест 2022 каде ја доби наградата за најдобра интерпретација.

marija

Марија има 18 години, а со пеење се занимава од нејзините 8 години.

marija 3

„Оваа година започнав соработка со господинот Григор Копров, кој воедно е автор на мојата нова песна ,,Засекогаш твоја”. Засекогаш твоја беше создадена за Охрид Фест 2022 на кој ја добив наградата за најдобра интерпретација. Музика од Григор Копров, Аранжман од Владимир Дојчиновски Дојчин, и текст на Огнен Неделковски ја направија оваа песна гарантиран хит. Периодов беше снимен и спотот за ,,Засекогаш твоја” од страна на Виктор Апостоловски, дрон Саше Богоевски и машка главна улога Симеон Тасев. Спотот е снимен на повеќе локации во околината на Битола и пошироко, и официјално ќе биде објавен на 06.10.2022. Благодарност до целиот тим кој стои позади овој голем проект, се надевам песната ќе добие добри критики и ќе биде прифатена од јавноста, а очекувајте уште многу нови проекти и добри хитови“, вели Марија за Читај бе.

meblo trejd alati1
Врвни изведби и силни пораки: затворен 27. Фестивал на монодрама во Битола
Со доделување на фестивалските награди и изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, синоќа …
Пролетни алергии: првите симптоми и како да се подготвиме
Со доаѓањето на пролетта, природата се буди, дрвјата цветаат, а времето станува …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…