arterii

Прогресивното затнување на артериите е состојба позната како атеросклероза и е главна причина за кардиоваскуларни болести, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар и периферни кардиоваскуларни болести.

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот. Бидејќи не покажува никакви симптоми, многу е тешко да се дијагностицира. Лекарите обично препишуваат лекови за намалување на холестеролот или бета-блокатори за оваа состојба, но постои и природен начин како да ги исчистите артериите.

Еве неколку добро проучени намирници кои можат природно да ги исчистат вашите артерии:

Куркума
pexels ksenia chernaya 40487051
meblo trejd cesmi 1

Куркумата го намалува ЛДЛ холестеролот и ги чисти насобраните наслаги во артериите. Во 2011 година, една студија докажа дека куркумата го намалува холестеролот и го потиснува раниот процес на атеросклероза подобро од некои лекови.

Можете да додадете куркума во храната, млекото…

Лук
garlic ga39fafdd0 640

Лукот е уште една храна за чистење на артериите.

Научно е докажано дека лукот помага во спречување на срцеви заболувања, ја забавува атеросклерозата и го намалува нивото на крвниот притисок. Лукот е доста ефикасен во спречување на формирање на наслаги во артериите.

Лукот го намалува ризикот од срцев и мозочен удар за повеќе од 50 проценти, а исто така помага во спречување и лекување на атеросклероза.

Мелена лута пиперка
clear g6ac403fdf 640


Капсаицинот, состојка која се наоѓа во лутите пиперки, помага во намалување на ЛДЛ холестеролот во крвта. Биберот го намалува ризикот од срцев удар и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Лимон

Пиењето вода со лимон наутро веднаш штом ќе станете е добро за вашето срце. Не само што го намалува нивото на холестерол, туку и спречува оксидативно оштетување и ги одржува артериите здрави.

Ова цитрусно овошје е богато со витамин Ц, за кој се покажа дека го намалува вкупниот холестерол, ја инхибира агрегацијата на тромбоцитите, го намалува воспалението и ги зајакнува артериите.

lemon gab0a4aedc 640
Цимет
cinnamon stick g796374724 640

Циметот може да го намали ризикот од срцеви заболувања и атеросклероза. Во една студија од 2003 година во списанието Diabetes Care, докажано е дека користењето 1-6 грама цимет дневно ја намалува гликозата, триглицеридите и ЛДЛ холестеролот.

Ленено семе
flax seed g3183e2b1d 640

Лененото семе помага за чистење на артериите. Богат е со алфа линолеинска киселина и омега 3 масни киселини, кои го намалуваат воспалението и крвниот притисок.

Истражувањата покажаа дека умерената употреба на ленено семе е добра поддршка за намалување на атеросклероза. Кога користите ленено семе, задолжително сомелете го, бидејќи на овој начин семките содржат повеќе омега 3 масни киселини.

Кисела зелка
lamb geb3ac55de 640

Киселата зелка е една од најважните пробиотски намирници. Ги елиминира токсините и многу добро ја спречува атеросклерозата. Дополнително, се покажа дека киселата зелка ги разградува хемикалиите како што се инсектицидите хлорпирифос и бисфенол А.

Сок од калинка
pomegranate gb765220ce 640

Сокот од калинка е моќен антиоксиданс, ги намалува насобраните наслаги и ги чисти артериите. Сокот од калинка содржи магнезиум и селен, кои се многу важни за здравјето на срцето. Во студија од 2009 година, научниците тврдат дека доколку пациентите со ризик од коронарна срцева болест пијат 240 мл сок од калинка дневно во следните 18 месеци, постои можност да се забави развојот на болеста.

За инклузивна Битола: 300 пораки за почит, поддршка и еднаквост
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ЦПЛИП …
Најромантичните зимски филмови за студени вечери
Зимата е годишно време создадено за топло ќебе, шолја чај или топло …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…