Постои една точка во животот кога дури и најдобрите луѓе – оние кои секогаш праќаат насмевка наместо збор, рамо наместо осуда, тишина наместо расправија – едноставно престануваат. Не затоа што се смениле одеднаш. Не затоа што станаа лоши, груби или огорчени. Туку затоа што премногу долго тлеело нешто во нив.
Добрите луѓе се оние кои се вложуваат целосно. Даваат време, енергија, внимание. Градат мостови и таму каде што други рушат. Се даваат себеси дури и кога немаат сила. Примаат удари, исмејувања, навреди. Биле боксерска вреќа за туѓи фрустрации, мета за туѓи слабости. И секогаш, на сето тоа одговарале со блага насмевка. Со молк. Со разбирање.
И еден ден, тивко и без драма, добриот човек престанува да го прави она што дотогаш го правел.
Не верува веќе во празни ветувања.
Не го трогнуваат лажните насмевки.
Не го интересираат луѓе со лажни интереси.
Ја затвора вратата за оние кои влегуваат и си заминуваат како да е привремена станица.
Тоа не е огорченост.
Тоа е самопочит.
Кога добриот човек ќе се умори – настанува тишина. Но таа тишина не е празна. Во неа има мир, освестување, нова сила. Во неа има одлука дека сопственото срце повеќе нема да се троши на места каде што не расте ништо.
И тогаш се случува нешто уште поважно: добриот човек конечно почнува да биде добар и кон себе. Престанува да се оправдува за туѓите постапки, да носи тежини што не се негови, да се обидува да спасува луѓе кои не сакаат да бидат спасени.
Тоа е моментот кога ја враќа контролата над својот живот – тивко, достоинствено, решително.
И ако некому му недостига неговата насмевка, неговото трпение, неговата безрезервна поддршка… нека знае: тој човек не исчезнал. Само конечно ја научил најважната лекција – дека добрината не е обврска, туку избор. И дека најпрво треба да си ја дарува себеси.
Кога добриот човек ќе се умори од својата добрина, тогаш за сите станува лош…









