sara viza

Не барам авионски билет, или виза туку причина да останам. Не барам да одам далеку, не сонувам да заминам туку да останам. Но, гледано од овој агол на приказната, секој ден ми дава нова причина да купам карта во еден правец.  А ниедна од тие причини не ми дава мотив да останам.

Да си млад на ова тло на Македонија значи повеќе да живееш во страв, наместо во соништа. Наутро одиш на факултет каде кафето чини колку во строгиот центар на градот – ама со вкус на разочараност. Подоцна се враќаш дома со автобус кој во секој момент може да се запали, ако воопшто дојде. Потоа броиш денари за утре, затоа што лебот е поскап од оној во некои европски земји. Сонуваме за иднина, но често не можеме ни сегашноста да ја преживееме бидејќи пак ќе кажам живееме во труло општество.

Што значи да останеш? Често ја слушам реченицата „Останете, вие сте иднината.“ Таа иднина за која зборувате е отровна, ја оставате недефинирана, распарчена, на чекање. Да останеш денес не значи храброст туку жртва. И понатаму да бидеш дел од ова општество значи да ја трпиш истата неправда што ја трпеле генерации наназад и не направиле ништо.  Воедно значи да гледаш како местата се резервирани однапред, како дипломата вреди помалку од тефтерчето, како мораш да „се снајш“ ако сакаш да преживееш. Можеби не сакаме да одиме – но секој ден нè туркаат чекор поблиску до вратата. И сѐ почесто се прашуваме: дали останувањето е избор, или само неможност за заминување?

Среќата ги следи храбрите, а мигрените оние кои многу размислуваат. Од оваа гледна точка ние сме само гости на овој свет, животот е само еден миг во универзумот.

Битолска промоција на романот „Memento Mori“ од Анде Јанков
Имавме исклучителна можност во Книжевниот клуб Утопија во Битола да ни гостува …
Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…