Денес (05.04.2025), на градското шеталиште во Битола, беше организирана заедничка превентивна активност насочена кон унапредување на безбедноста на младите мотоциклисти, особено во пресрет на пролетно-летната сезона, кога е зголемена употребата на мопеди.




Акцијата ја реализираа полициски службеници од СВР Битола, во соработка со Мото клубот „Конзули“ од Битола, Мото асоцијацијата на Македонија, РСБСП, Општинската организација на Црвениот крст од Битола и претставници од автошколите во градот.



Во рамки на настанот беа поделени едукативни и промотивни материјали со цел поттикнување на почитување на сообраќајните правила и зголемување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.




Скопскиот џез-фестивал: 45 години музика без граници
Пишува: Сара Танаскоска Не мора секогаш да ја разбереме музиката за да …
Оној што гледа со сомнеж лесно може да почне да мрази човек – Свети Филарет Московски за осудата
Треба да ни биде потешко да ги судиме луѓето, отколку да ги …








