sekspir

„Сонет 66“ е еден од 154-те сонети напишани од Вилијам Шекспир – англискиот поет и драматург. Напишано е во 1609 година, што значи дека овие стихови се стари цели 4 века!

Писателот е лут на општеството, па разоткрива сè што го растажува. Тој ја критикува општата неправда на животот, општествениот неморал и угнетувачката власт.

Сонет 66

Уморен од сè ова, за смрт успокојувачка молам,
што заслужноста, гледам, понижена е во беда;
и бедната ништост зацарена во раскош гола
и најчистата верба прекршена и мошне бледа;
и златната чест укажана грешно,
и моминската доблест изблудена грубо;
и совршенството врвно унижено, смешно
и моќта од немоќните урната убо;
и уметноста замолчена од властодржната грубост
и лудоста над умешноста ставена да кружи;
и вистината едноставна сметана за глупост
и заробена добро, ставена на злото да ѝ служи.
Уморен од сè ова, в смрт би пошол без драма
само да не ми остане љубовта сама.
(Препев на Драги Михајловски)

Кога ќе надојдат работи кои те натажуваат и лутат…
Ако ѓаволот не може од внатре да те заведе, почнува да те …
Jazz Factory Festival 2026 свечено отворен: Битола вечерва во ритамот на џезот
Битола вечерва пулсираше во ритамот на џезот со свеченото отворање на 9-тото …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…