smea

Смејте се и ќе се чувствувате добро. Направете ги другите да се насмеат и ќе бидете посреќни. Смеењето го намалува стресот и анксиозноста. Кога сте среќни и опуштени, можете да постигнете многу. Денот ви е исполнет.

Велат смеењето го продолжува животот. Докажано е дека кога се смеете, мозокот ослободува ендорфин, хормони на среќа и задоволство. Ако чувствувате болка во некој дел од телото, ендорфините ја ублажуваат.

Кога се смеете, нивото на кортизол, односно хормонот на стресот се намалува. За време на смеењето, мозокот ослободува и допамин, хормон поврзан со позитивни емоции. Колку повеќе се смеете, толку повеќе негативна енергија ослободувате од вашето тело, според Фројд.

boy 2604853 1280

Кога ќе ги активирате мускулите на лицето кои „учествуваат“ во смеењето, вашиот мозок веднаш почнува да ослободува допамин и ендорфин, дури и кога вашата смеа не е спонтана. Ова значи дека ако можеме свесно да го промениме изразот на лицето, можеме да ја промениме и нашата состојба на умот.
A што се случува кога другите нè засмејуваат? Повеќе кислород стигнува до нашиот мозок, нашиот лимбички систем се активира, што овозможува подобра меморија.

Ова значи дека ако сакате некој да запомни нешто, прво натерајте го да се насмее. Нивниот мозок ќе биде поспремен за кодирање, задржување или потсетување на информации.

“Насмевката чини малку, но вреди многу. Личноста која ги насмевнува другите е среќна, а личноста која ја прима насмевката е благодарна. Таа трае само момент, но сеќавањето понекогаш трае цел живот.”
-Мариано Агире-

Смеата проектира слика за безбедност и самодоверба, сигурност и пристапност. Затоа понекогаш, кога ќе слушнеме или гледаме како некој „се смее како луд“, почнуваме да го правиме истото, и без да знаеме зошто. Всушност, ние се „заразуваме“ со нивната позитивна енергија.

ОПКРУЖЕТЕ СЕ СЕ СО ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ВЕ НАСМЕАТ

Сега кога ги знаете сите придобивки од смеењето, знаете дека вреди да барате луѓе кои ве насмеат. Опкружете се со оптимистички луѓе кои пренесуваат енергија и среќа.

Барате луѓе кои знаат да се смеат на нивните проблеми, кои можат да ја видат смешната страна на ситуацијата и да се смеат на себе. Смеењето ослободува допамин и ендорфин, го намалува кортизолот и ги активира „огледалните неврони“. Хуморот ни помага полека да ги надминеме неволјите и да ја видиме светлината на крајот од тунелот. Не се вели за џабе: смеата е најевтиниот лек.

meblo logo e1777960132835
„Не се враќам истата, се враќам посилна“ – Маја Атанасовска ја истрча својата прва трка по третото породување
Минатата година ја воодушеви јавноста кога истрча 21 километар додека беше бремена, …
Бутин: За македонскиот јазик или книгата не се суди според корицата
Македонскиот современ јазик во првата четвртина од дваесет и првиот век е …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…