ТАТКО НА ТАТКОВИНАТА е најновата премиера во Народниот театар – Битола која ќе се случи на 21-ви декември во 20 часот.

IMG 0bd30573d0ff59ac53ab5406af45e87d V

,,Татко на татковината” е адаптација на култната драма на Алфред Жари, Кралот Иби, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиски програм, кој пак е поставен на театарските штици. Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет, вели режисерот Иван Пеновиќ.

FB IMG 1671539623612

Сите што го читате овој текст, во дигитално или во печатено издание, да знаете,знам дека го читате. Со самото читање,а немојте многу да читате,затоа што ештетно за очите, влеговте во кругот на луѓе на кои им е одобрено и да ме гледаат. Татко на татковината е верзија на приказната за мене, која ви е приспособена вам по сите закони на парафизиката и законите на движење. Бидете храбри. Протестирајте со гледање, а не со бегање, зашто додека гледаме, дотогаш и постоиме. ”Крал Иби”

IMG d18763d26cdf2dc6e03f71351d1a9cef V

ТАТКО НА ТАТКОВИНАТА

Автор и режисер:Иван Пеновиќ

Сценограф :Валентин Светозарев

Костимограф: Благој Мицевски

Композитори: Филип Триплат и Карло Мркша

Превод од хрватски јазик: Сузана Брезовец

ИГРААТ:

Татко Иби……………….Никола Пројчевски

Мама Иби….Викторија Степановска-Јанкуловска

Курдела…………………..Мартин Мирчевски

Владимир…………Марјан Ѓоргиевски

Каја…………..Сандра Грибовска-ИЛИЕВСКА

Леон……………………Никола Стефанов

Ицо…………………….Борче Ѓаковски

Џони…………………….Александар Стефановски

Зоран…………………Петар Горко

ЈАГОДА………………..Соња Ошавкова

Гурелав…………….Филип Мирчевски

Пецо…………………………..Иван Јерчиќ

Светло–мајстор: Горан Петровски

Тон–мајстор: Николче Терзиевски

Инспициент: Мирко Лазаревски

Суфлер: Гордана Михајловска

Премиера: 21.12.2022

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…