Македонскиот ултрамаратонец и ММА борец, битолчанецот Ристо Димитров Чурино уште еднаш ја претстави Македонија и родната Битола на врвно ниво, освојувајќи нов предизвик – учество на трката по повод Националниот ден на Оман, долга 55 километри.

Со овој подвиг Чурино ја заокружи својата најинтензивна спортска форма во последниот месец, период во кој постигна импресивни резултати на различни терени и дисциплини.

Во само еден месец, Чурино зад себе остави повеќе од 90 километри трчање низ планини, пустина и ноќни рути, како и професионална ММА борба која ја доби со полуга на рака. Овој исклучителен серијал го опфаќа:


- 35 km ноќна трејл планинска трка,
- 5 km ноќна трка во пустина,
- победа во професионална ММА борба,
- и кулминацијата – 55 km трка за Националниот ден на Оман.


Ристо Димитров Чурино е човек на екстремите – ултрамаратонец и борец кој постојано го бара својот следен предизвик. Потекнува од Битола, а од 2017 година живее и работи во Оман, со успешна спортска кариера. Трча низ најсуровите предели, освојува планини и се натпреварува во боречки спортови, секогаш со желба да ја претстави Македонија.








