Етичкиот кодекс на Северноамериканските Индијанци може да нѐ инспирира да направиме важни промени во начинот на размислување и животот.
- Будете се на изгрејсонце и помолете се. Молете се сами. Молете се често. Големиот дух еднаш ќе ги чуе вашите молитви.
- Бидете толерантни кон другите. Незнаењето, бесот и љубомората доаѓаат од изгубени души. Молете се да се вратат на правиот пат.
- Пронајдете се себеси. Не дозволувајте други да управуваат со вашиот живот. Тоа е само ваш живот.
- Бидете обзирни кон луѓето кои ви дошле на гости. Послужете ги со најдобрата храна, дајте им го најдобриот кревет. Кон нив бидете чесни и праведни.
- Не земајте ништо што не е ваше, небитно дали е од заедницата од која сте дел, природата или нечија култура. Тоа не сте го заслужиле ниту добиле, па така не е ваше.
- Почитувајте сѐ на Земјата – луѓето, животните и растенијата.
- Почитувајте го мислењето на другите, нивните желби и зборови. Никогаш немојте да го прекинувате некој кога зборува, немојте да ги понижувате. На секоја личност дозволете ѝ да има лично мислење.
- Никогаш не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија која ја испраќате ќе ви се врати повеќекратно.
- Сите луѓе грешат. Секоја грешка може да се прости.
- Природата не е наша, таа е дел од нас.
- Децата се иднината. Всадете им во срцата љубов, воспитувајте ги мудро и учете ги за животот. Кога растат, дајте им простор да растат.
- Избегнувајте да ги повредувате другите. Болаката која ќе ја предизвикате ќе ви се врати.
- Негативните мисли создаваат ментални и физички болки.
- Секогаш бидете искрени.
- Одржувајте ја својата рамнотежа. Вашето ментално, духовно, емоционално и телесно „јас“ мораат да бидат еднакво силни. Зајакнувајте го телото за да го закрепните умот. Растете во духовноста, така што ќе имате моќ да ги исцелите вашите емоционални рани.
- Свесно одлучете што ќе бидете и какви ќе бидете, како ќе работите и како ќе ги објаснувате своите постапки. Бидете одговорни за своите постапки.
- Почитувајте ја туѓата приватност и личен простор. Не се мешајте во туѓите работи.
- Бидете сигурно во себе. Не можете да бидете грижливи и да им помагате на другите ако не се грижите и не си помагате самите на себе.
- Почитувајте ги туѓите верски уверувања. Не вршете насилство врз другите.
- Споделувајте ја својата среќа.
Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …