viber image 2025 11 08 18 37 20 404

Во периодот од 3 до 7 ноември 2О25 година во Бугарија успешно се реализираше четвртото издание на детската ликовна колонија „Мал Монмартр во Софија и Пловдив” која е плод на соработката од 2О22 година меѓу Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и Фондацијата Бугарска меморија од Софија.

viber image 2025 11 08 18 37 20 915

Оваа година детската колонија се реализираше со финансиска поддршка од Министерството за култура на Бугарија и опфати по 15 учесници од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и 15 ученици од населени места од живописниот регион на Родопите.

viber image 2025 11 08 18 37 20 957

„Веќе четири години ја реализираме оваа колонија и благодарение на нашиот домаќин г-дин. Милен Врабевски таа добива на се поголем професионален пристап па така по 3 изданија овогодинешното веќе беше препознаено и финансиски поддржано и од соодветното Министерство за култура на Бугарија што беше основ за беспрекорна организација но и феноменални услови за творење на младите ликовни таленти и уметници.

Учесниците имаа 4 работи денови во 5 дневната ликовна колонија со тематски задачи за цртање и тоа Царската бања во Банкја од 1911 година па Народниот театар “Иван Вазов” во Софија од 19О7 година по што отпатувавме за Пловдив каде еден ден се сликаше богатата архитектура на старата чаршија “Капана” формирана во XVII век и староградската архитектура на стариот дел од градот Пловдив.

Беа реализирани и 2 професионални туристички прошетки низ кои учесниците детално се запознаа со убавините – историјата и знаменитостите на Софија и Пловдив.

Остануваме радосни за успесите и спомените и започнуваме во подготовка на 45 јубилејно издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” во мај 2О26 за кој се надеваме дека ќе е и најголемо издание досега затоа што откако не напушти од овој свет мојот татко професор Коста Хаџи-Антоновски во 2О21 година 5 години поминавме низ криза  – реорганизација и стабилизација и цениме дека за невладина организаиција која има огромна годишна агенда и програма заслужуваме да бидеме позиционирани на највисоко ниво како културна вредност за Битола и Македонија бидејќи ретко кој без прекин 45 години организира меѓународна колонија со учество на 2О до 3О земји учеснички низ 7 колониски дена.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Колонијата во Бугарија не е единствена која започнала на иницијатива или како инспирација од битолската напротив до сега на број се 1О а веќе се формираат и три т.е. детска колонија во Кисељак – Босна и Херцеговина за која веќе се профилираат датумите за 2О26 година а се работи на нови во Трабзон – Турција  и Тирана – Албанија.

„Колонијата во Бугарија во своето 4 издание имаше и свој официјален наслов “мастер класови од децата за децата” затоа што двете организации се договорија половина од учесниците да се веќе искусни и наградени млади ликовни уметници а другата половина да се млади ликовни таленти кои за прв пат учествуваат на ваков формат на организација.

Секако на крајот од секој ден имаше и награди на денот за завршените дела по 2 од 3О ученици и така за темата на Царската бања во Банкја за најдобри ученици беа прогласени Ана Полизовска и Џасмин Топчиева – за темата Народниот театар “Иван Вазов” во Софија за најдобри ученици беа прогласени Беатрис Хајтова и Сирма Спирковска. Во Пловдив за архитектонските убавини на старата чаршија “Капана” за најдобри ученици беа прогласени Ана Полизовска и Зејнеп Чаушева додека за последната тема староградската архитектура на стариот град Пловдив за најдобри учесници беа прогласен учениците Зејнеп Чаушева и Бојана Стефановска.

viber image 2025 11 08 18 37 21 732

На колонијата збирно беа создадени 12О уникатни уметнички дела од млади ликовни уметници кои за своето учество добија соодветна Диплома а жири комисијата на крајот за најдобри учесници на цела колонија што е оценка на целиот опус од 4 дела ги прогласи Ана Полизовска и Џасмин Топчиева.

Од фондот кој произлезе од трудот на децата ќе селектираме материјал за изложба која ќе биде претставена на „Мал Битолски Монмартр” 2O26 година а дел дел од делата ќе бидат донирани.

Севкупно колонијата беше на високо ниво и тоа што домаќинот успешно обезбеди и поддршка од Министерството за култура на Бугарија беше додадена вредност за професионална реализација бидејќи радоста кај децата ни е императив”. – истакна Славчо Неделковски од ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола.

„Мал Битолски Монмартр” од своето 44 издание во 2О25 година програмски ќе реализира рекорден број на изложби до 45 издание и тоа изложба на 2О дела од 15 учесници од исто толку земји во КИЦ на Македонија во Софија па 2О нови дела во КИЦ на Бугарија во Скопје се реализираше изложба на 65 дела во Кисељак во Босна и Херцеговина а веќе се подготвуваат 85 дела за Трабзон – Турција и се договара форматот и датумите за изложба во Тирана – Албанија.

„Со ова и оправдано очекуваме поголема поддршка за 45 јубилејно издание затоа што по периодот на турбуленции а и низ скоро 6О години постоење на студиото кое работи низ ваков профил на обемна годишна програма да го добиеме третманот кој сме го заслужиле одамна.

Имено веќе не прашуваат дали ќе има ново издание – прашање на кое сосема јасно и кратко одговараме со “да” без разлика дали ќе има или не соодветна финансиска поддршка затоа што тоа е наша примарна мисија која ќе ја изменаџираме на сите можни начини.” – истакнаа Елена и Славчо.

Интервју со Владанка Крстевски: Комедијата е најтешка за играње, но и најискрена
Публиката ја познава како водителка на емисијата „Качамак“, но Владанка Крстевски сигурно …
Бутин: Одбери ја силата што ќе те одведе до (не)нормалното – Њутнови закони
Сакаш да се движиш само по права рамна линија, и тоа по …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…