dzambazov1

Специјално Божиќно издание на „Нешто конкретно” со Игор Џамбазов. Темата беше – како се станува бренд, а кој би бил најсоодветен соговорник на оваа тема ако не еден од најголемите македонски брендови Игор Џамбазов.

17048847881876 min

Човекот на кого како награда од Господ му се падна да му биде дедо Петре Прличко, многу добро го познава секое населено место во Дојран, за себе ќе каже дека се уште се чувствува како да има 20 години иако не смета дека сега е привлечен за очи и уши. За него вистинскиот пријател е поважен во животот од се друго затоа што ако е вистински тој го имаш за цел живот, а љубовта час ја нема час ја има, ќе каже тој. 

„Откако ме отпишаа од планинарството тежок сум 107 кг” рече Игор и отворено раскажуваше што се остана од големата љубов која ја опиша како филмска. 

„Јас имав нешто што во книгите го нема, таква врста на наплив, на љубов, на среќа, на страст… и од сето тоа останаа пар фотографии, неколку поетични размислувања, една песна и спот, но сепак остана нешто, нашето беше баш како на филм – ние сме во најголема љубов ама нема да бидеме заедно”

Скромноста на Игор е негова силна страна, тој за себе смета дека е личност со најмалку хејтери во Македонија, „Кога можев да одам на одмор на Малдиви 4 месеца јас одев во Пехчево на рибник, а во Дојран можам да живеам со 500 денари на ден”, раскажа тој.

Најконструктивна критика во животот ја добива од својата мајка која му рекла: „Тоа што луѓето те познаваат на улица не значи дека си добар глумец”, критика која многу му помогнала во животот. Го послушал и советот на својот дедо да не се појавува во телевизиските проекти „Македонски приказни”, а неговиот татко ги избришал броевите на сите автори што не дошле на неговата промоција на книга.

Не штедеше зборови за карактерот, за животот, квалитетите и за делата на неговата колешка и пријателка Весна Петрушевска, а за книгата „Гол човек” призна дека му ги вратила сите пари што ги изгубил на коцка.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата Нешто конкретно

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…