monmartr2025 nagradi citaj be 35

Со свечена церемонија и доделување на признанија и награди, во Битола заврши 44. издание на светската ликовна детска колонија „Мал битолски монмартр“. Настанот и оваа година ја потврди својата меѓународна вредност, угостувајќи 150 учесници – ученици, професори и родители – од 18 делегации, претставници на 17 земји од Европа и светот.

atmosfera 2

Меѓу присутните беа млади уметници од Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Русија, како и од турските региони Трабзон и Кајсери. Колонијата повторно се претвори во креативна лабораторија на пријателства, културна размена и инспиративна уметност.

atmosfera 5

На затворањето, на сите учесници – ученици, професори и асистенти – им беа доделени дипломи за учество, како и благодарници за поддржувачите и волонтерите кои придонесоа за успешната реализација на манифестацијата. Благодарници беа врачени на Црвен Крст Битола, медиумскиот покровител „Читај Бе“, волонтерите Илче Филкоски и Пенелопа Колевска, како и на Огулчан Аџар – волонтер од Трабзон, Турција.

Беа доделени и награди за „Специјални колекции“, од кои една беше врачена на претставникот на Индија, додека останатите две ќе бидат испратени по пошта до учесниците од Хонг Конг (Кина) и Ајер Итам (Малезија).

monmartr2025 nagradi citaj be 2

Жири-комисијата додели и 13 награди за уникатен уметнички пристап и развој во ликовното изразување. Добитници се:

  • Онур Мете Јузук – Турција
  • Ела Климекова – Словачка
  • Тамара Чировиќ – Црна Гора
  • Шарлин Нг Јун Хан – Малезија
  • Диана Мехта – Индија
  • Јали Алперт – Израел
  • Маркета Хејлова – Чешка
  • Стела Бабиќ – Хрватска
  • Борис Шафрадин – Босна и Херцеговина
  • Мерием Арнаутска – Бугарија
  • Сабрина Погони – Албанија
  • Микалина Мура – Полска
  • Ана Полизовска – Македонија

Специјалната награда за „Најдобар учесник – ученик“ на 44. издание на колонијата му беше доделена на Ајшенур Карадениз од Ателјето на професор Вејсел Аџар од Трабзон, Турција, во име на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола.

monmartr2025 nagradi citaj be 38

Во име на градоначалникот на општина Битола, заменик градоначалникот Бојан Бојковски ја додели наградата за „Најдобро школо – учесник“ на ликовното ателје „Артино“ од Белград, Србија.

Со ова завршува уште едно успешно издание на „Мал битолски монмартр“, каде Битола, уште еднаш, стана центар на детската уметност и креативност.

Интервју со Владанка Крстевски: Комедијата е најтешка за играње, но и најискрена
Публиката ја познава како водителка на емисијата „Качамак“, но Владанка Крстевски сигурно …
Бутин: Одбери ја силата што ќе те одведе до (не)нормалното – Њутнови закони
Сакаш да се движиш само по права рамна линија, и тоа по …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…