Во Данска, емпатијата не е само убава, „допадлива особина“ што треба да се има. Тоа е задолжителен училишен предмет што секое дете го учи додека е мало, додека расте.
Затоа, не треба да чуди фактот што Данска е една од најсреќните земји во светот. Впрочем тоа го покажува и Светскиот извештај за среќа на ОН. Данска е во првите три најсреќни земји на глобално ниво веќе неколку години наназад. Во извештајот за 2024 година, Данска е на второ место. Фактот дека од 1993 година наставата за емпатија во училиштата е задолжителна, тоа сигурно е фактор што придонесува за нивото на среќа во земјата.
Емпатијата помага да се изградат меѓучовечки односи, да се спречи малтретирањето и да се успее на работа. Го поттикнува развојот на лидерите, претприемачите и менаџерите. „Емпатичните тинејџери“ често се поуспешни затоа што се повеќе фокусирани на целта во споредба со нивните понарцисоидни врсници.
Во данските училишта по еден час неделно е посветен на часови по емпатија, во рамките на лекцијата едноставно наречена „Време за настава“, а наменета е за ученици на возраст од 6 до 16 години. Овој час е составен дел од данската наставна програма. Времето поминато на лекција за емпатија е исто толку важно како, на пример, англиски или математика. На овие часови учениците разговараат за нивните проблеми, без разлика дали се поврзани со училиштето или не, а потоа цело одделение заедно со наставникот се обидува да најде решение засновано на вистинско слушање и разбирање.
Ако нема проблеми за кои треба да се разговара, децата едноставно поминуваат време заедно релаксирајќи се и вежбајќи hygge – термин кој нема буквален превод (може да биде и глагол и придавка) и е феномен тесно поврзан со данската култура. Најблиското објаснување би било „интимност создадена со намера“. Во земја каде што ноќта паѓа многу рано во годината, врне, сиво е насекаде… hygge носи светлина, топлина и пријателство и создава заедничка интимна атмосфера полна со добредојде. Тоа е клучен концепт за благосостојбата на Данците. Исто така, станува глобален феномен: Амазон продава повеќе од 900 книги на тема hygge, а преку 3 милиони објави означени како #hygge кружат на Инстаграм.
Американската авторка и психолог Џесика Александер, авторка на книгата „Данскиот начин на родителство: Што знаат најсреќните луѓе во светот за одгледување самоуверени и способни деца“, чиј коавторство е заедно со данскиот психотерапевт Ибен Сандал и е преведена на 21 јазици, спроведе теренско истражување за да се разбере како Данците учат емпатија.
Еден од начините за учење на емпатијата е тимската работа, на која се базираат 60% од училишните задачи. Фокусот не е на надминување на другите, туку на одговорноста да им се помогне на помалку надарените. Од истите причини, Данска се смета за едно од најдобрите места за работа во Европа.
Тие се натпреваруваат само со себе, не со другите. Данските училишта не нудат награди или трофеи на ученици кои се истакнуваат во училишните предмети или спортови за да не се поттикне натпреварувачкиот дух. Наместо тоа, училиштата практикуваат култура на мотивација за напредок, која се мери исклучиво на индивидуална основа.
Постои и колаборативно учење, кое се состои од зближување на децата со различни слабости и силни страни во различни училишни предмети за да си помагаат едни на други во часовите и да работат заедно на различни проекти. Ова уште од мали ги учи дека никој не може да успее сам и дека подобри резултати се постигнуваат со помагање на другите.