secret tisina

Текстов  прочитајте го насамо и во себе, размислете, па потоа како вам ви одговара.

Животот е премногу краток иако долго трае, така ни се чини. Премногу краток  за да го потрошиме во буричкање во туѓите животи, а притоа во повеќето случаи свесно да избегнуваме да бидеме одговорни за нашиот живот, за последиците во секоја смисла кои произлегуваат  од нашите избори и одлуки.

Озборувањето е одлика на нерализирани и мрзливи луѓе, некои психолози го толкуваат и како вид  на терапија на мозокот, сѐ до мигот кога тоа не му стане извор на среќа на мозокот – тоа е вистински проблем.

Што е битно: Големите умови дискутираат за идеи, просечните умови дискутираат за настани, малите умови за други луѓе.

Сигурно ова го имате веќе чуено. Одлично! Недостига уште да го примениме во секојдневната практика.

Интересно е што е секој збор си има своја вибрација, тоа науката го докажа преку снимање на реакции на мозокот при изговарање на најразлични зборови. Сигурно се сетивте дека нискофреквентни се зборовите кои повредуваат, понижуваат, даваат негативни квалификации, за разлика од зборовите со кои искажуваме љубов кон некого, почитување, пофалби, поддршка.

И што е најјако, секој збор реагира на одреден хормон во нашето тело, така што кога говориме погрдни, зборови со полни со омраза, нискофреквентни, прво се повредуваме себеси, па потоа околината.

„Правете им го на другите, она што сакате да ви го прават и вам“ – е  постулат или алфа и омега во текот на човечката егзистенција, не го означува само хуманизмот, туку и моќта на единственото свесно битие кое е населено на планетава Земја.

Во слободна волја спаѓа и слободата на говор, а говорот е моќно оружје со кое внимателно треба да се ракува. 

Некои луѓе уживаат гласно да говорат, па така ги растеруваат другите или да уверуваат дека се во право и така натаму – им недостига публика, толку.

Кои луѓе ни се добро друштво? – Оние кои ни влеваат надеж, оние со кои се чувствуваме живи, да се постигне тоа денес е неверојатна среќа и успех.

И да не заборавиме, секој со секого е поврзан на кој било начин.  Затоа говорете за да ве разберат, не за да ве слушнат.

meblo trejd cestitka
Oвoј наш живoт нe e жeтва туку сeидба, и труд, и пoт, и страв – Петровден, денот посветен на Светиот Апостол Петар
По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да …
Собирајте моменти, а не предмети
За повеќето луѓе, парите се ограничен ресурс. Сепак, економистите се согласуваат дека …
JK Travel
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…