sv gavril sesnovski 1

Црквата го прославува Свети Гаврил Лесновски на 28 јануари (стар стил) или 10 февруари (нов стил). Неговото дело продолжува да инспирира и денес, а неговиот пример потсетува на вредноста на молитвата, смирението и пожртвуваноста за доброто на ближните.

Лесновскиот манастир и денес е место за поклонение, каде што верниците наоѓаат мир и духовна утеха. Свети Гаврил Лесновски останува вечен светилник на верата и духовната традиција во Македонија.

Свети Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи.

Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испушташе од рацете. Кога порасна, родителите му најдоа девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакаше и Му се молеше на Бога да го запази девството. Девојката умре пред да се земат, а Гаврил наследувајќи од родителите големо богатство, се замонаши. Основа манастир на Лесновската планина, близу до Кратово, а црквата ја посвети на светиот Архангел Михаил.

Собра монаси, постави игумен и таму го остави сиот свој имот. Тој самиот се оддалечи во планината во отшелнички живот. Се подвизуваше со сеноќни бденија и деноноќни молитви и претрпе многу искушенија од демоните. Бог, во одговор на неговата вера, љубов и подвиг, уште во текот на животот го удостои со дар на чудотворење. На тоа место поживеа 30 години, а потоа се врати во манастирот каде што и почина, на 15 јануари. 30 години по неговото упокојување, му се јави на сон на еден руски монах по име Јосиф, кој се подвизуваше во Софија, па тој заедно со софискиот митрополит отидоа во Лесновскиот Манастир и ги најдоа моштите на светителот, та ги поставија за целивање во црквата.

Од моштите постојано се источуваа разни чуда и многу луѓе добија исцеление. Кога Балканот беше нападнат од Турците, бугарскиот патријарх, за да ги заштити од уништување, ги пренесе моштите во столицата на тогашното царство, во Трново, каде што останаа до 1393 година, кога Трново паѓа под турска власт, и потоа им се губат трагите.

Не постои болест како омразата, нема дар како здравјето, ниту богатство како душевниот мир
Не постои болест како омразата. Омразата е емоционална состојба која може да …
ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола со 15 највисоки награди од 58. Детски Ликовен Конкурс во Германија
Меѓународниот натпревар по цртање FLOW, со седиште во градот Одра, Шведт, е …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…