Времето не е пари, како што сакаат некои да кажат. Времето е бесценето. Еднаш ако го потрошите, никогаш нема да можете да го надоместите со ништо, а парите можете.
Сега размислете внимателно за вашата ситуација. Да речеме дека работите со типичен 8-часовен работен ден, дали повеќе би прифатиле помала плата и пократко работно време? Можеби не знаете, но вашиот избор помеѓу времето и парите делумно зависи од тоа колку сте среќни во животот.
Направени се многу студии на оваа тема.
Студијата објавена во онлајн списанието „Social Psychological and Personality Science“ покажа дека среќните луѓе имаат тенденција да го избираат времето како главен фактор за среќа. Според студијата спроведена на Универзитетот Принстон, заработувањето пари и трошењето пари може да влијае на субјективното чувство на среќа. Сепак, размислете: дали повеќе би сакале да заработите пари без да имате доволно време за квалитетен живот или повеќе би сакале да имате повеќе време за дружење, релаксација, вашите хоби и омилени активности?
Даниел Канеман, психолог и добитник на Нобеловата награда за економски науки во 2002 година, и Ангус Дитон, добитник на истата Нобелова награда во 2015 година, анализирале повеќе од 450.000 одговори и утврдиле дека постои корелација помеѓу приходите и среќата.
Меѓутоа, субјективното искуство на учесниците спласнувало после одредена сума, бидејќи тие се навикнале на тоа. Со други зборови, има момент кога заработката повеќе нема да ве прави среќни и ќе имате чувство дека „нешто фали“.
Од горенаведеното може да се заклучи дека парите можат до одреден степен да влијаат на чувството на задоволство и среќа, но постои граница. Ќе дојде време кога нивото на задоволство повеќе нема да зависи од парите. Всушност, може да се случи и спротивното – т.е. да се чувствуваат помалку среќни и задоволни.
Различни студии водат до заклучок дека среќата не може да се купи со пари, туку само краткорочни задоволства. Ова се објаснува со процесот на навикнување, кој важи за сè во животот. На почетокот, многу пари може да изгледаат возбудливо, но со текот на времето чувството се менува. Едноставно се навикнуваш и тука завршува „магијата“ на задоволството“. Среќата зависи од многу фактори, а еден од нив е како ја толкувате.
Да го споменеме успехот. Успехот често се поврзува со многу работи: повеќе пари, повеќе работи, повеќе признанија. И како што веќе беше наведено, има некаква смисла – трошењето пари на работи што сте ги посакувале може да го зголеми вашето чувство на задоволство некое време. Но, што е со квалитетно користење на времето? Типичен успешен човек работи многу, може да заработи многу, но тешко дека има време да ужива во работите, своите активности и времето со пријателите и семејството. Запрашајте се: тогаш која е целта на вишокот пари, успех и признание, ако човек не може да ужива и да управува со своето време кога и како сака, и затоа не може да биде посреќен? Човекот се чувствува среќен кога е или опкружен со она што го прави жив, или кога се занимава со активности што го оживуваат. Меѓутоа, денес, трката по работа, обврски, приходи и „успеси“, ве тера да едвај наоѓате време за она што навистина ве прави „жив“? Едноставно нема време. Многумина го чувствуваат тоа, но не посветиле доволно внимание и размислување.
Дали го користите вашето време на начин што ќе ве направи среќни?
Во споменатата студија од онлајн-журналот „Social Psychological and Personality Science“, 4.500 луѓе биле прашани што им треба повеќе за среќа, пари или време. Според податоците, 64% споменале пари. И покрај овие податоци, истото истражување покажа и дека луѓето кои го навеле времето како поважен фактор се посреќни. Кога го поставиле истото прашање една година подоцна, 25% од учесниците кои првично избрале пари се предомислиле. Тие го избраа времето.
Резултатите од студијата покажале дека меѓу луѓето во слични околности, оние кои избрале време биле посреќни од оние кои избрале пари. И ова не е единствената студија на оваа тема, туку една од многуте.
Студијата на Универзитетот во Британска Колумбија, исто така, покажа дека луѓето кои го ценат времето повеќе од парите се всушност посреќни и знаат како да уживаат во животот. И ова особено се однесува на случаи кога е потребно многу време за да заработите пари. Времето исто така станува приоритет како што стареат луѓето.
Има смисла, бидејќи луѓето стануваат свесни дека не можат да го вратат времето што поминало, па тоа им станува драгоцено.
Ова особено се однесува на „милениумците“, т.е. генерации родени помеѓу 1980 и 1995 година. Милениумците се специфични по многу нешта, а една од нивните карактеристики е што повеќе го сакаат слободното време и балансот помеѓу работата и приватниот живот отколку трката за голема заработка. Милениумците веруваат дека работата е еден, но не и единствен пат до стабилност во животот.
Она што може да се заклучи од споменатите студии е дека парите можат да ви помогнат да се задоволите до одредена граница, т.е. додека не се навикнеш на тоа. Што значи дека и овде има ограничувања. За да ви биде животот исполнет и квалитетен, т.е. за да бидеш среќна личност, мора да знаеш и како да го трошиш и исполнуваш своето време, а на прво место – мора да најдеш доволно време.