viber image 2025 09 30 18 48 20 985

„Радоста на Европа” e еден од постарите светски детски ликовни конкурси кои се организираат во Белград – Србија и тоа за оваа 2О25 година беше за неговото 27 издание, а Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола со ликовни дела на нивните членови учествуваат без прекин од самиот почеток и редовно имаат добитници на големи награди или признанија.

viber image 2025 09 30 18 48 20 871

„Оваа година на 27 издание [ иако фестивалот овие рамки ги добива 3О години претходно што значи не е грешно да се напише 57 издание ] на „Радоста на Европа” учество имаа над 5.ООО детски цртежи на слободна тема и тоа од Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Индија, Италија, Ерменија, Литванија, Македонија, Намибија, Полска, Руманија, Русија, Словачка, Словенија, Тајланд, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Финска и Кина [ Хонг Конг ].

Стручната жири комисија во состав проф. д-р. Невена Поповиќ, професорката Лола Лукиќ која е ликовен педагог и претседател на здружението на ликовни педагози на Србија заедно со Марко Шерер ликовен уметник и ликовен педагог ги прегледаа пристигнатите дела и ги доделија наградите.

Од Македонија како единствен претставник преку Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола голема награда и признание во категоријата на ученици на возраст од 7 до 9 годишна возраст доби членот на ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола, Луна Петковски [ 8 ].

Посебно горди смеа на оваа награда затоа што и оваа година наш ученик е награден а второ тоа е наш член чии уметнички успех и талент е признаен во една ваква сериозна конкуренција.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска од ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Во исто време пристигнаа и резултатите од 7 издание на светскиот детски ликовен конкурс на малиот формат “Mini restArt” [ 15 cm x 15 cm] кој исто така се реализира во Велика Плана – Србија.

viber image 2025 09 30 18 48 20 827

„На “Mini restArt” 2O25 година учествуваат ученици од 4 до 19 годишна возраст и пристигнаа над 6.5ОО детски ликовни творби од 34 земји и тоа: Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Индија, Индонезија, Иран, Ирска, Казакстан, Ерменија, ОАЕ, Кина [ Хонг Конг ], Латвија, Литванија, Унгарија, Малезија, Молдавија, Германија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Виетнам, Канада, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Чешка, Швајцарија, Шпанија, Тајван и Тајланд.

Во оваа огромна конкуренција наградени ученици – членовите на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола како претставници на Македонија кои твореа на темата “Митови и легенди на мојата татковина” се Елиф Сулиманоска [ 9 ] во категоријата ученици на возраст од 8 до 1О години – Бојана Стефановска [ 14 ] во категоријата ученици на возраст од 11 до 14 години – Леа Стерјев [ 16 ] во категоријата ученици на возраст од 15 – 19 години.

viber image 2025 09 30 18 48 14 567

Оценката ја спроведе жири комисија во состав Ана Милошевиќ – доктор на историја на уметноста, Татјана Паловиќ Панов – дипломиран ликовен уметник и ликовен педагог, Анита Јовановиќ – магистер по графика и ликовен педагог, Снежана Гроздановиќ магистер по сликарство и ликовен педагог како и автор на проектот и Урош Стоилковиќ магистер по сликарство.

Ова за нашите членови е големо признание дека студиото е на својот прав пат во основите од потребите за неговото постоење.” – истакна Славчо Неделковски од ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на 2О септември 2О25 година по 44 пат го распиша најголемиот светски детски ликовен конкурс “Битола” кој е основ за 45 јубилејно издание на најстарата светска детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” 2O26 година.

Интервју со Владанка Крстевски: Комедијата е најтешка за играње, но и најискрена
Публиката ја познава како водителка на емисијата „Качамак“, но Владанка Крстевски сигурно …
Бутин: Одбери ја силата што ќе те одведе до (не)нормалното – Њутнови закони
Сакаш да се движиш само по права рамна линија, и тоа по …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…