father 551921 1280

Како и смеата, научниците открија дека прегратките имаат лековити својства. Искрената прегратка од драг пријател, партнер или дете може да има многу силно влијание врз нашето тело. Истражувањата покажуваат дека гушкањето е многу ефикасно за лекување на разни физички заболувања, како и за осаменост, депресија, анксиозност и стрес.

Во студијата спроведена на Универзитетот во Северна Каролина, истражувачите откриле дека прегратките го зголемуваат нивото на хормонот за поврзување – окситоцин, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, го намалуваат крвниот притисок и нивото на хормонот на стрес – кортизол.

couple 2101606 1280

Како реагира нашето тело на прегратка?

Според студијата спроведена на Универзитетот во Северна Каролина, кога заљубен пар би се гушкал 20 секунди, нивното тело значително би го зголемило нивото на окситоцин, хормонот кој вообичаено најмногу се лачи за време на породувањето или доењето. Исто така, пријателските прегратки забележаа значителен пораст, но не толку како љубовните прегратки.

Во меѓувреме, нивото на хормонот на стрес – кортизол, значително се намалил кај жените, како и нивниот крвен притисок. Водачот на истражувањето и психолог д-р Карен Гривен вели: „Партнерската поддршка е поврзана со повисоки нивоа на окситоцин кај мажите и жените. Сепак, важноста на окситоцинот и неговите потенцијални кардиопротективни ефекти може да бидат поголеми кај жените“.

Во друга студија поврзана со прегратките, која беше спроведена како дел од проектот Nestlé Happily Healthy, учествуваа речиси 60.000 луѓе од Австралија. Проектот го водел д-р Антони Грант, психолог на Универзитетот во Сиднеј и Галакси Рисрч, кој на крајот од студијата заклучил:

„Науката ни кажува дека допирот има многу важно влијание врз физичкото и менталното здравје. Докажано е дека допирот го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, го зајакнува имунолошкиот систем и ја ублажува болката. Прегратките ослободуваат окситоцин, хормон кој прави луѓето да се чувствуваат безбедно и го намалува нивото на кортизол, што го намалува стресот, анксиозноста и осаменоста.

За време на прегратките кои траат повеќе од 20 секунди, нашето тело ослободува хормон наречен окситоцин. Овој хормон може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, да го намали нивото на кортизол – хормонот на стресот, а исто така се верува дека окситоцинот во мозокот може да предизвика чувство на задоволство, нежност и наклонетост.

pair 1853996 1280

Придобивките од гушкањето

Луѓето се очигледно социјална категорија, што е потврдено со безброј студии кои покажуваат дека оние кои одржуваат блиски пријателства, како и оние кои се во брак, се физички и психички поздрави. Истражувањата покажуваат дека искрената прегратка, во која две срца се притиснати заедно, може да ги има овие придобивки:

  • Прегратката гради доверба и чувство на сигурност. Ова помага во отворена и искрена комуникација.
  • Долгите прегратки го зголемуваат нивото на серотонин, хормонот одговорен за доброто расположение и општо чувство на среќа.
  • Прегратката го зајакнува имунолошкиот систем. Ја стимулира тимусната жлезда, која го регулира и балансира производството на бели крвни зрнца во телото.
  • Гушкањето ги опушта мускулите и напнатоста во телото. Исто така, прегратката може да ја ублажи болката.
  • Прегратката може веднаш да го подобри вашето расположение.
  • Тоа е потполно бесплатно!
SURVIVOR KIDS Авантура #1: Предизвик оган – Илустрирана книга за деца која ги учи како да реагираат при пожар
Оваа целосно илустрирана книга е создадена од родители за родители, со цел да ги обучи децата како да реагираат при пожар. …
Здравствените придобивки и начинот на подготовка на Салеп
Салепот е традиционален напиток кој потекнува од Блискиот Исток и е популарен во балканските земји, вклучувајќи ја и Македонија. Овој топол …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…