woman 1845148 1280

Не мораш да ги прашуваш луѓето колку те почитуваат – тоа се гледа на нив. Не мораш да се прашуваш колку им значиш ти или твоите зборови, ниту она што ти е потребно или што од нив бараш. Тие тоа ти го покажуваат со своето однесување. Не мораш да се прашуваш дали те разбираат, колку им е грижа за тебе, колку им значат твоите желби и потреби – сето тоа луѓето ти го покажуваат без да прашаш. Сè што треба е помалку да обрнуваш внимание на тоа што го зборуваат, а повеќе на тоа што го прават. Тука сè ќе ти стане јасно.

Не мораш да ги прашуваш луѓето колку им се допаѓаш. Ниту што мислат или зборуваат за тебе – сето тоа луѓето го покажуваат. Гледај каде го поминуваат своето време, што прават, колку им треба време да ти одговорат на порака. Сето тоа нешто ти кажува. Кога во нивното однесување ќе видиш каков е нивниот однос кон тебе, остани силен. Не дозволувај тоа непочитување и разликата помеѓу зборовите и делата да те разниша. Не мораш да ги прашуваш луѓето колку те почитуваат – тоа се гледа на нив.

Марио Жувела

meblo trotineti copy
Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет?
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…