vegetables 4752782 1280

Модриот патлиџан се одгледува низ целиот свет и се смета за една од најздравите намирници. Прилично лесно се одгледува бидејќи се прилагодува на речиси сите климатски услови.

Ова е една од намирниците која не содржи високо ниво на пестициди, па затоа нејзините здравствени придобивки навистина доаѓаат до израз.

eggplant 4805350 1280

Моќни антиоксидантни својства

Модриот патлиџан содржи фитонутриенти кои му ја даваат карактеристичната виолетова боја. Неговото конзумирање може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, некои видови на рак и срцев удар. Исто така, може да спречи оштетување на ДНК и да го забави процесот на стареење.

Заштита на мозокот

Истражувањето спроведено на лабораториски глувци покажало дека модриот патлиџан може да ги заштити мозочните клетки од оштетување предизвикано од слободните радикали. Слободните радикали може да го зголемат ризикот од канцерогени клетки и нарушувања на меморијата.

Низок гликемиски индекс

Има низок гликемиски индекс. Тоа значи дека нема да предизвика нагли промени во нивото на шеќер во крвта. Овој зеленчук е одличен за секојдневната исхрана на сите луѓе, особено на дијабетичарите бидејќи може да ја олесни контролата на нивото на шеќер во крвта.

eggplant 935715 1280

Поттикнува губење на тежината

Модриот патлиџан содржи многу малку калории и е одличен за слабеење. Тој е одличен извор на влакна, па ќе го забрза процесот на создавање чувство на ситост. Исто така, тој е направен од голем процент на вода, што значи дека е добар за хидратација.

Содржи малку јаглехидрати и масти

Модриот патлиџан содржи многу малку јаглени хидрати и масти. Но запомнете дека со додавање масло, сирење или јајца, тој повеќе не е нискокалоричен оброк. Доколку сакате да ги изгубите вишокот килограми, задолжително внимавајте со која храна го приготвувате.

Го намалува хроничното воспаление во телото

Со оглед на тоа што содржи моќни антиоксиданси, помага во намалување на хроничното воспаление во телото и ги ублажува симптомите на болести како што е артритисот.

Го намалува холестеролот и крвниот притисок

Студиите спроведени на лабораториски глувци покажаа дека сокот од модар патлиџан значително го намалува холестеролот. Исто така, се покажа дека сокот од модар патлиџан ги релаксира артериите и на тој начин го намалува крвниот притисок.

Тој е одличен извор на железо

Модриот патлиџан ќе му обезбеди на вашето тело онолку железо колку што навистина му е потребно, без никаков ризик од оштетување на функциите на телото.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…