meri rek poet

Веќе 13 години, Мери Арсовска работи како сменски аналитичар во Хемиско-технолошката служба при Подружница РЕК Битола. Со истата прецизност со која ракува со пипетите, таа го користи и пенкалото, создавајќи поезија и проза. Зад неа стојат четири самостојни книги – една проза и три збирки поезија, како и бројни колективни записи, дипломи, благодарници и награди.

Љубовта кон пишаниот збор ѝ е откриена уште во 1984 година, кога крушевскиот професор по македонски јазик ја забележал нејзината дарба да ја преточи мислата во текст што допира до секоја душа. Токму затоа, добива прекар „лирско душиче“ – нејзините творби се искрени, поучни, реални и допираат до сите.

Главни мотиви во нејзиното пишување се љубовта, вербата во Севишниот, но и тагата. Таа вели дека малку од нејзините дела произлегуваат од радоста – болката и тагата се неисцрпен извор на инспирација бидејќи се присутни во животот на секого.

Преку литературниот клуб „Висарион“, Арсовска го започнува своето литературно патување. Подоцна, станува член и на клубот „Изгрев“, а денес е главен организатор на многу поетски читања, книжевни промоции и натпревари.

Таа е еден од основачите на „Манастирско поетско ехо – Суводол Богородица“, литературен настан што се одржува секоја година на 28 август, посветен на празникот Голема Богородица. Исто така, е член на фондацијата „Такец“, каде што активно учествува во организирањето поетски настани во чест на Мајка Тереза.

Во соработка со Вера Самарјанин, Арсовска преку тираж од 1000 примероци, со превод на англиски и италијански јазик, го шири македонскиот пишан збор низ светот. Таа самостојно ги финансира своите изданија и никогаш не ги продава.

„Ова мое хоби ја пополнува секоја моја празнина и не сакам да го извалкам со пари. Пишувам затоа што тоа ме исполнува, а издавам затоа што моето опкружување смета дека не треба да бидам себична – треба да ги споделам моите зборови со светот.“

Меѓу самостојните изданија на Арсовска се:
📖 „Средба со минатото“
📖 „Ја си ти“
📖 „Кога плаче душата“
📖 „Разголена душа“

Но, тука не застанува – веќе работи на уште едно издание, последно во циклусот посветен на „душата“. Насловот на новата збирка ќе биде „Трепери душата“.

„Често додека сум на работа, одеднаш ќе ми дојде инспирација и морам веднаш да ја запишам. Моите колеги толку добро ме познаваат што веднаш се стишуваат за да не ми побегне мислата. Со нетрпение го чекаат резултатот – секогаш изненадени и воодушевени од тоа што сум го напишала.“

РЕК Битола не е само рудник за јаглен – тоа е и рудник за таленти. Во неговите кругови работат луѓе кои, покрај своите професионални обврски, негуваат и уметнички дарби што го збогатуваат македонскиот културен простор.

(ВИДЕО) Велигден во храмот „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола
Христос Воскресе! Навистина Воскресе!Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…