sad boy 2634521 1280

Најважните животни лекции најчесто ни се случуваат кога се чувствуваме потполно сами, без да имаме некој на кого можеме да се потпреме или без поддршка од околината.

Може да биде многу застрашувачки кога човек треба да се соочи со тоа дека нема никој на кого може да се потпре, но, всушност во таквите ситуации имаме длабоко спознание за себе и за светот околу нас.

Прва лекција е – способноста за донесување на лекции и преземање на одговорност за сопствениот живот. Кога немаме на кого да се потпреме, мораме сами да го преземеме кормилото на својата судбина. Не можеме да чекаме некој друг да ни ги реши проблемите или да ги донесува одлуките за нас. Мораме да бидеме способни брзо да реагираме и да донесуваме одлуки кои ќе го обликуваат нашиот пат.

Втора лекција е упорноста. Кога ќе сфатиме дека сме оставени сами, сфаќаме дека упорноста е клучна за да ги постигнеме нашите цели. Мораме да бидеме истрајни и да не дозволиме неуспесите и/или недостатокот на поддршка да нè обесхрабрат. Се фокусираме на себе и на својот напредок, цврсто верувајќи дека ние сме тие кои ја кроиме нашата судбина.

Брзото прилагодување е уште една вештина која мораме да ја научиме. Кога немаме поткрепа, мораме брзо да реагираме на промените и да се прилагодиме на новите околности. Ова може да биде биде голем предизвик и стрес, но долгорочно гледано, способноста за брзо прилагодување ќе нè напрви отпорни и прилагодливи во сите животни ситуации.

Финансиската стабилност, исто така е приоритет. Кога немаме поддршка од други, ја сфаќаме важноста на штедењето и планирањето на буџетот за да се осигураме при непланирани издатоци.  Не треба ништо да ѝ препуштаме на случајноста, туку да се потрудиме да бидеме финансиски самостојни и да имаме резерви за во тешки периоди.

Управувањето со негативните емоции и стресот е клучно. Кога си сме самите на себе поткрепа, мораме да научиме како да се носиме со стресот и како да ја одржуваме емоционалната стабилност. Стануваме свесни за важноста на самоконтролата и наоѓаме начини како да останеме продуктивни и смирени дури и во најпредизвикувачките ситуации.

Конечно, во овој процес ја будиме креативноста во себе. Сфаќаме дека некогаш е најдобрите одлуки доаѓаат надвор од рамките и дека е важно себеси да си дадеме простор за размислување и ослободување на креативниот потенцијал.

Убаво е да научиме на проблемите/предизвиците да им пристапуваме на нов  и иновативен начин, што ќе ни овозможи да донесеме најдобри одлуки за себе и за својот живот. Моментите кога немаме никаква поддршка околу нас можат да бидат неверојатно тешки, но, можат да бидат прилика за длабоко лично созревање и раст.  Низ нив, ние ги градиме темелите на сопствената сила и самодоверба, така што израснуваме во отпорни и способни да се носиме со предизвиците кои ќе ни се најдат на патот.

10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…