carnival venice 1803622 1280

Живееме во општество на убава лага и грда вистина. Самите придавки кои им се дадени на овие именки кои го одредуваат нашиот живот, ни ја даваат точната слика – кој во што сака да верува. А во што се верува – можеме да видиме благодарение на актуелниот виртуелен живот на социјалните мрежи. Бегајќи од реалноста. Која е сурова. Затоа што вистината боли, а лагата е слаткоречива.

И за жал, легендата за Голата вистина и лагата која датира од 19 век, ја нема изгубено својата актуелност. Напротив, покрај Лагата која парадира со гордост и на која сите ѝ аплаудираат и ја идолизираат, се чини Голата Вистина тешко дека за брзо време ќе се охрабри да се врати.

Легендата за вистината и лагата

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот.

-Убав ден, рекла Лагата.

Вистината запрела за да види дали е вистина тоа – и навистина било вистина.

-Убав ден, одговарила Вистината.

Продолжиле заедно по патот и стигнале до голем бунар кој бил полн со вода.

Лагата тогаш истрчала до водата и рекла:

-Водата е многу убава. Ајде да пливаме.

Вистината ја допрела водата со прстите и видела дека таа е навистина прекрасна. Се согласила со Лагата. Потоа се соблекле и влегле во водата.

По некое време, Лагата наеднаш излегла од водата, ја ставила облеката на Вистината и си заминала.

Вистината веднаш излегла од водата и истрчала кон селото да си ја врати облеката. Селаните, гледајќи ја голата Вистина, почнале да се згрозуваат и да ја гледаат со презир.

Кутрата Вистина избегала и исчезнала, засекогаш криејќи го својот срам.
Од тој ден лагата патува низ светот, облечена како Вистина.

И ете, 200 години подоцна од легендата, Лагата сé уште патува низ светот, облечена како Вистината, задоволувајќи ги потребите на општеството, затоа што луѓето, очигледно, немаат никаква желба да се сретнат со голата Вистина.

Како времето влијае на спиењето и одморот
Промените во температурата, воздушниот притисок, влажноста на воздухот и врнежите влијаат врз …
Совети за детоксикација на Вашиот живот
Вашата околина е еден од најважните фактори за вашите хормони, како и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…