Постои мислење дека кога човек се менува, се менува и неговата околина.
Се менува на два начина:
– Луѓето со кои имате силни врски, за кои сте вредни, почнуваат да се прилагодуваат поради фактот што сте се промениле. Само за да останат во контакт со вас. Ова се случува незабележливо и несвесно.
– Оние кои не можат да се вклопат во новата средина си заминуваат затоа што немаат за што друго да „фатат“. И доаѓаат нови, со кои имате сличност.
Вака се менува вашето поле. Но, постои замка: ако се промените за да ги промените другите, нема да успеете.
Мора да се промените за себе и заради себе.
Нема смисла да чекате и да барате промени од другите.
Ако нешто не ви се допаѓа кај другите, тогаш тоа е прашање на ваш избор – останете блиску до нив или оддалечете се.









