lilac geadd0f025 640

Априлскиот мирис на јоргованот е симбол на пролетта, а самото растение на многу начини го симболизира Велигден, најрадосниот христијански празник.

Речиси и да нема куќа која во дворот нема јоргован стар неколку децении, а кој како деца сите ги опивал со најубавиот мирис на светот.
Интензивен и силен мирис, кој не се заборава дури и ако не сте го почуствувале многу долго време.

lilac g362107b3b 640
meblo trejd alati

Јоргованот ги има едни од најпрепознатливите пролетни цветови, а нашите предци некогаш го одгледувале поради лековитите својства.

Кои се лековитите својства на јоргованот

Многу луѓе веруваат дека јоргованот е токсично растение, но ниту една научна анализа не потврдила дека е навистина отровен за луѓето. Цветовите на јоргованот се јадат и можат да се користат во колачи или коктели.
Jоргованoт содржи минерали и амино киселини, а истражувањата потврдиле дека листовите и цветовите содржат 15 микро и макро елементи, од кои силициумот е најзастапен. Јоргованот содржи и иридоиди – најзастапените и најефикасните фитонутриенти кои растението ги произведува за своја самоодбрана и други соединенија како сесквитерпени и флавоноиди.

lilac gfaac6cd43 640

Листовите и плодовите на јоргованот се користат како средство за уништување и помагање за ослободување од цревните паразити, како тоник и против треска. Во случај на исеченици, чешање на кожата и други кожни заболувања, може да се подготви топла или ладна инфузија од јоргованот.

Од цвеќињата на јоргованот се прави масло кое се користи во парфемите, а од листовите е можно да се добијат зелени и кафени бои, додека од гранчиња може да се добие жолто-портокалова боја.

essential oil g1fa0b1983 640

Многу е популарен во хомеопатијата, а често се користи и за лекување на ревматски заболувања. Исто така е корисен за лекување на дигестивни проблеми, како што е дијареа.

Кората на дрвото и кората на семето се користат за лекување на маларија, имено рекурентна маларија со симптоми на треска придружена со треперење и висока температура.

lilac g5bf8d6ac5 640

Листовите се користат за лекување на треска и болести на устата кај децата, конгестија на црниот дроб, проблеми со дигестивниот систем како што се цревата (лошо варење и празнење на дебелото црево, дијареа), респираторни проблеми (кашлица, бронхитис), треска, камења во бубрезите, висок крвен притисок.

Легендата за јоргованот

Според легендата, кога Го распнале Христа, Пресвета Богородица била обземена од болка и во плач, одела без цел, не знаејќи каде оди. Шетајќи под товарот на болката, таа седнала да се одмори под дрво полно со лисја, но без цвеќиња. Бидејќи била уморна заспала. Тогаш од дрвото лисјата почнале да паѓаат од дрвото и нежно ја покрија Пресвета Богородица за да ја стоплат.
Кога се разбуди Пресвета Богородица и беше топло. Ги виде лисјата на себе. Таа тогаш го погледна дрвото над неа кое беше целосно без лисја. Затоа не и беше ладно. Во тој момент го благослови дрвото:
„Биди благословено и миризливо засекогаш!“
Во еден миг дрвото се наполни со зелени лисја и за прв пат процвета со миризливи цвеќиња. И така до ден денес. Секогаш околу Велигден.

jk travel pobaraj ponuda 01
Како да ја разбудиме заспаната совест?
Кога ние правиме добро, тогаш душата ни е радосна и спокојна, а …
5 грешки за кои треба да си простите
Грешки. Сите ние ги правиме. Иако знаеме дека е човечки да се …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…