viber image 2024 12 29 09 01 55 918

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола традиционално, вториот викенд од септември, по 58-ми пат ќе ја започне школската 2025/2026 година за своите стари и нови членови.

Уписите во Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола, согласно просторните можности и програмата, ќе се реализираат на 13 и 14 септември, од 10 до 15 часот, во просториите на Детската ликовна галерија „Монмартр“, во срцето на старата битолска чаршија.

„Нема пишано правило, но повеќе е традиција првата школска недела да им ја оставиме на учениците и родителите за да се организираат со формалното образование, а ние својот почеток го означуваме вториот викенд од септември. За оваа школска 2025/2026 година тоа се 13 и 14 септември, односно сабота и недела, кога сите наши поранешни и идни членови се запишуваат за претстојниот период.

monmartr 9

Особено сме радосни што во изминатите пет години бројката од 30–40 ученици се искачи до 180 членови. Сепак, природно беше да се изврши и селекција според талентот и самата детска желба, која на таа возраст е променлива категорија. Така, бројот се фиксираше на околу 100 наши активни членови кои работат во соодветни групи, во просек три пати неделно.

Редовните часови се одржуваат во сабота и недела, од 10 до 15 часот, за сите членови, додека средношколците доаѓаат и во среда – пред или по часови – со цел да ги завршат започнатите цртежи за еден од 55-те светски детски ликовни конкурси на кои учествуваме во текот на една школска година.

Студиото работи целосно самостојно, што е голем предизвик, но менаџираме заедно со родителите. Оваа година, по прв пат по 10 години, направивме поголема набавка на работни материјали. Учениците мора да ги имаат сите услови за работа, а наша задача е да ги создадеме, како знаеме и умееме,“ – истакна Славчо Недековски од ДЛС.

monmartr ceski ambasador 6

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола како организација работи на нега, оценување и промоција на детскиот ликовен талент веќе 58 години. Ако се земе предвид и активноста на основачот професор Коста Хаџи-Антоновски, тоа претставува над 65 години непрекината дејност.

„Студиото работи во текот на целата година. Со нашите членови тоа е периодот од септември до мај, по што правиме пауза за ‘Мал Битолски Монмартр’. За време на летниот распуст, пак, работиме на посебни теми со нашите членови или организираме детски ликовни колонии во Македонија и светот.

monmartr2025 ohrid 7

Во текот на една календарска година имаме и сопствени изложби од колониите, бидејќи сметаме дека тоа е визијата која ја имаше мојот татко – цртежите од ‘Мал Битолски Монмартр’ да бидат прикажани низ целиот свет. Така, оваа година тие веќе беа изложени во КИЦ-овите на Македонија и Бугарија во Скопје и Софија. Потврдени се изложби во Босна и Херцеговина (Кисељак) по втор пат и во Турција (Трабзон) по трет пат, додека сме во преговори за уште три нови.

Особено сме горди што колониите продолжуваат. Со Кисељак веќе преговараме за колонија во 2026 година, што по Португалија, Романија, Хонг Конг, Србија и Бугарија ќе биде нашата шеста меѓународна детска ликовна колонија. Во Македонија остануваат традиционалните соработки со колониите во Вевчани, Охрид и манастирот ‘Свети Јован Бигорски’, а се развиваат и нови – соработки со КИЦ на Бугарија во Скопје, како и планирани проекти со Тирана, Албанија.

monmartr2025 bigorski 1 23

Програмата е обемна, но важно е што не ја забораваме примарната дејност на Студиото. Доколку пред пет години нашите членови освојуваа околу 100 награди годишно, во учебната 2024/2025 година постигнавме рекорд со 535 освоени награди на скоро сите релевантни светски детски ликовни конкурси – од над 30 земји во светот: од Кина, Јапонија и Индија, преку Турција, Русија и Белорусија, па сè до Полска, Чешка, Германија, Португалија, Франција и земјите од Балканот,“ – нагласи Елена Хаџи-Антоновска од ДЛС.

monmartr2025 nagrada 5
Интервју со Владанка Крстевски: Комедијата е најтешка за играње, но и најискрена
Публиката ја познава како водителка на емисијата „Качамак“, но Владанка Крстевски сигурно …
Бутин: Одбери ја силата што ќе те одведе до (не)нормалното – Њутнови закони
Сакаш да се движиш само по права рамна линија, и тоа по …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…