family

Родителите-хеликоптери се оние родители кои постојано ги чуваат своите деца и по потреба скокаат секогаш кога нешто ќе зачкрипи, отстранувајќи ја секоја пречка пред која може да се најде детето. Мајки и татковци за кои честои знаеме да кажеме дека се „контрол-фрикови“.

Овој тип родителство е сосема спротивно од слободното воспитување што го практикуваат родителите кои им дозволуваат на своите деца сами да се соочат со предизвиците и грешките.

Но, дали слободното воспитување на децата значи дека ќе се претворат во „мали дивјаци“? И дали бдеењето над децата им штети повеќе од удреното колено или скршениот зглоб? Што треба да се знае за подигнувањето здраво и ментално стабилно дете без некој да ве обвинува дека сте „родител-хеликоптер“.

girl g186cfdacf 1280
Погледнете ги ризиците пред да се поставите премногу заштитнички

„Лесно е да се грижите во ситуации кога децата си создаваат своја игра“, вели д-р Стјуарт Браун, автор на книгата „Play: How it Shapes the Brain, Opens the Imagination, and Invigorates the Soul“.

„Но, дел од работата на родителите е да научат да ги прифаќаат своите ограничувања со тоа што секогаш ги штитат децата и сметаат дека секогаш треба да се погрижат да бидат успешни и среќни. Секој родител треба да го негува тој внатрешен нагон на децата за самостојна игра што ќе им овозможи да развијат самодоверба. Секако дека постојат ризици и тие треба да се следат и минимизираат. Но, спречувањето на слободната игра или строго контролирање на активностите на децата носи повеќе ризици за нивното идно здравје, успех и среќа“, вели тој.

family g6e97a7b8a 640
Ако работите премногу за вашето дете, вие сте на лош пат

Експертите предупредуваат дека преголемото надгледување на децата, завршувањето на работите за нив, очекувањето од вас да ги водите сите битки на вашите деца е рецепт за неуспех. Сите родители треба да го знаат следново:

  • Запомнете: еден ден вашето дете ќе мора да научи да се снаоѓа без вас.
  • Децата учат снаодливост и самодоверба преку справување со проблемите – сами.
  • Постојат ситуации кои вашето дете (без разлика колку е мало) може да ги надмине без вас.
  • Помошта не е секогаш корисна. Понекогаш тоа ги спречува децата да најдат свој стил на решавање проблеми.
  • Најцврстите дрвја растат на најсилните ветрови. Ако на вашето дете му олесните сè, нема да може да се бори со тешкотии.
  • Ретко или, подобро, никогаш не правете го за детето она што може да го направи за себе. Лесно е да продолжите да го храните или облекувате детето, но родителите кои ги поттикнуваат децата сами да ги извршуваат овие задачи, всушност го прават најдоброто за детето. Само размислете во каков човек ќе порасне.
woman ga15e2aee6 640
Долгорочните последици од „хеликоптер – родителството“ не се добри

Првата студија која беше направена со цел да се дефинира што е хеликоптер-родителство и какви долгорочни последици има тоа, покажа дека децата кои постојано се набљудувани од нивните родители растат зависни, невротични и помалку отворени во споредба со децата чии родители ги оставаат сами да се снаоѓаат.

Истражувачите од Keene State College во Њу Хемпшир, САД, откриле дека студентите кои пораснале презаштитени со т.н. родители „хеликоптери“, се генерално помалку отворени за нови идеи и акции, поранливи, поанксиозни и помалку самоуверени од децата кои имале малку „дистанцирани“ родители.

insurance g71ccf7d39 640
Работете помалку за децата и уживајте во плодовите подоцна

Истражувањето на децата родени помеѓу 1982 и 1999 година ги покажува недостатоците на презаштитните родители кои ненамерно ги претвориле своите деца во луѓе кои лесно се откажуваат. Една од првите емпириски студии за генерациските разлики во деловните вредности, предводено од Џин Твенџ на Универзитетот во Сан Диего, покажува дека оваа генерација сака добра плата и престижен деловен статус без да има многу работни часови.

Таа вели дека презаштитените деца кои не ги добиваат оценките што ги очекуваат на факултет или не успеваат доволно брзо на работа – се откажуваат.

„Се повеќе студенти доаѓаат на факултет не знаејќи како да ги прават работите за себе. Родителите мислат дека им помагаат на младите луѓе правејќи работи за нив, но всушност ги прават помалку независни“, вели професорката Твенџ.

meblo trejd lepila
Ноам Чомски за штетноста од оценувањето и рангирањето на децата и наставниците
Аврам Ноам Чомски (роден на 7 декември 1928 во Филаделфија) е американски …
Зајдисонце – момент кој носи чувство на спокојство и размислување
Во изгрејсонцето уживаат само ранобудните и ја нема секој таа можност во …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…