DF 2025 Inner Circle

Д Фестивал, водечкиот летен фестивал во Македонија, е официјално избран меѓу топ 10 најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски Фестивалски Награди (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија.

По завршувањето на јавниот избор, во кој за номинираните фестивали гласаше публиката од цела Европа, нашиот фестивал влезе во потесната листа на 20-те најдобри, а потоа — по гласовите на меѓународно жири составено од водечки експерти од музичката индустрија — Д Фестивал се пласираше и во финалниот „shortlist“ на најдобрите 10 фестивали во својата категорија. Ова е историски успех и огромно признание за македонската независна фестивалска сцена.

Според европските стандарди за музички фестивали, Д Фестивал е во најтесниот избор во категоријата „Најдобар мал европски фестивал“, односно во категоријата со капацитет до 10.000 посетители дневно. Во финалето е заедно со фестивали од Швајцарија, Данска, Италија, Холандија, Романија, Бугарија и Србија.

Д Фестивал влегува во финалето на најдобрите во 2025 како единствен настан од Македонија, а во децениската историја на фестивалските „Оскари“ тој е втор македонски фестивал што успеал да се искачи до листата на 10-те најдобри, по Таксират, кој беше дел од оваа селекција во 2016 и 2022 година.

Влез во европскиот врв

Пласманот меѓу најдобрите фестивали во Европа претставува силна меѓународна валидација за долгогодишната посветеност на фестивалот – за уникатниот програмски концепт, продукцијата, уметничката програма, доживувањето за посетителите и развојот и брендирањето на нови локациски идентитети.

Победниците во секоја категорија ќе бидат објавени на официјалната церемонија на Европските Фестивалски Награди, што ќе се одржи на 14 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија.

Големо меѓународно признание во година полна предизвици

Д Фестивал, основан во 2011 година, е препознатлив како единствениот open-air фестивал во Македонија кој се одржува секоја година со тридневна мултидимензионална програма. Фестивал што секоја година гради уникатна фестивалска заедница, посветена на слободниот креативен дух, инклузивноста и одржливите практики.

Годинава сепак останува запаметена како една од најтешките во историјата на фестивалот. Неколку месеци пред одржувањето на настанот, трагедијата што се случи во Кочани остави длабока траума и трага врз целата музичка сцена и заедница. По трагедијата, Д Фестивал се посвети на хуманитарна мисија, откажувајќи се целосно од приходот од влезници и донирајќи го истиот во соработка со иницијативата „Support Кочани“.

На хуманитарниот Д Фестивал годинава во Штип настапија: The Sisters of Mercy, Soulfly, Inner Circle, Tommy Cash, Кирил Џајковски, Буч Кесиди, Мизар, Архангел, Фолтин, Прљаво Казалиште, Љубојна, S.A.R.S., Драган Мијалковски, Дина Јашари, Паркети, Пијан Славеј, Dope Куќата и уште десетици други музички артисти од Македонија.

Следното издание на Д Фестивал е закажано за 26–28 јуни 2026 година во Штип, а објавен е и првиот хедлајнер – IDLES, британските панк-рок ѕвезди и еден од најважните live бендови во светот во моментов, кои за прв пат доаѓаат кај нас во зенитот на својата кариера.

Во продажба се и првите „Ран Корморан“ влезници, достапни на следниот линк:
https://mktickets.mk/event/d-festival-2026/

JK Travel
Не постои болест како омразата, нема дар како здравјето, ниту богатство како душевниот мир
Не постои болест како омразата. Омразата е емоционална состојба која може да …
ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола со 15 највисоки награди од 58. Детски Ликовен Конкурс во Германија
Меѓународниот натпревар по цртање FLOW, со седиште во градот Одра, Шведт, е …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…