Едно од многубројните чуда на свети Никола

Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше и многу го почитуваше големиот угодник Божји свети Никола.

Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата на свети Николај и му се помоли на Божјиот Светител. Потоа се прости со пријателите и со соседите, па се качи на коработ и отпатува. Во три часот по полноќ почна да дува силен ветер и започна невреме.

Морнарите се растрчаа околу притегнувањето на едрата, им прискокна на помош и овој благочестив човек, но некако се сопна и падна во морето. Мракот беше страшен, ветрот силен, та не можеа да му притекнат на помош на давеникот, иако сите го сожалуваа и офкаа. А тој, онака облечен, борејќи се со брановите и тонејќи викна: „Свети Никола, помогни ми!“

319686629 889581039145381 6633509279495603207 n

И – о чудо! Тој одеднаш се најде во својата куќа во Цариград, иако му се чинеше дека уште е во длабочината на морето. Неговите домашни, штом го чуја неговиот глас, запалија свеќи. На тоа дотрчаа и соседите и го видоа како стои насред куќа, громогласно зборува, а облеката сета му се цеди од морската вода. Сите се скаменија од ужас и страв, неспособни збор да прозборат. А давеникот им рече:

„Браќа, што се случува? Знам дека вчера се простив со вас, па отидов на кораб. Коработ се отисна и ние пловевме по морската шир. Потоа дувна силен ветар, настана бура, морнарите се растрчаа околу едрата, а јас некако се препнав, и зафатен од ветрот паднав во морето, и го повикав на помош свети Никола. А сега каде сум, не знам. Кажете ми, да не сум полудел? Што се случило со мене?“

А тие, кога го слушнаа што кажува и гледајќи како морска вода му тече од облеката, разбраа дека се случило прекрасно чудо. И сите почнаа да се радуваат со него и долго од радост плачеа и воскликнуваа: „Господи помилуј!“

Потоа давеникот се преоблече и отиде во црквата на свети Николај. И остатокот од ноќта го помина во молитва, плачејќи, правејќи метании и вознесувајќи Му благодарност на Бога и на чудесниот угодник Негов, светителот Никола.

Св.Никола спасува човек и неговите три ќерки од духовна пропаст

Во градот Патара живеел еден човек со три ќерки, некогаш богат, а потоа сосема осиромашен. Во големата сиромаштија му паднала на ум лоша мисла да ја претвори својата куќа во блудно место, а своите ќерки во блуднички и на тој начин да дојде до пари. Свети Никола слушнал за големата беда на тој човек, некако дознал за неговата опасна намера и се сожалил над него.

320395355 700663238299290 65665799376545153 n

Една вечер, за да не биде виден од некого, св. Никола зел ќесе со злато и пошол кај куќата на тој човек. Кога стигнал кај куќата, го фрлил ќесето низ прозорецот и брзо заминал. Утредента, кога го видел златото, човекот не можел да им поверува на своите очи. Размислувал кој би можел да му направи толкава милост, и на никого не можел да се сети. Затоа му благодарел на Бога и горко се покајал за сè што имал намера да направи. Донел одлука добиеното злато да го даде како мираз за мажењето на најстарата ќерка.

На св. Никола му било многу мило кога слушнал за одликата на човекот и решил да го повтори своето дело. Повторно тајно уфрлил ќесе со злато низ прозорецот и исчезнал. На човекот ништо не му било јасно. Со солзи-радосници ми се молел на Бога да му открие кој му прави толкава милост. Ја омажил и втората ќерка и решил да не спие ноќе за да го открие својот добродетел.

По неколку ноќи, човекот слушнал ѕвекот на злато и кога влегол во собата, нашол уфрлено ќесе со злато покрај прозорецот. Излегол и брзо потрчал да го стаса таинствениот добродетел. Кога го стасал светиот Никола, паднал пред него, заплакал и почнал да му ги бакнува стапалата нарекувајќи го спасител и избавител. Свети Никола одвај го кренал од земја и го смирил, барајќи да му вети дека никому додека е тој жив нема да му каже за неговата помош.

Извор: Православие.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…