Maja kolumna naslovna

Пишува: Маја Богоевска

„Homo homini lupus est“ – човек на човека му е волк.

Оваа мисла на Томас Хобс денес не звучи како филозофска претераност, туку како секојдневна реалност. Не дека е нешто ново, но се чини дека лошото во луѓето ја достигнa својата кулминација. Барем според мојата перцепција.

Дојде време кога наместо да се натпреваруваме со квалитет, идеи, работа и визија – единствениот квалитет кој се цени и се вреднува е – кој знае повеќе да прави сопки и интриги. Восхит предизвикува оној што успеал преку сомнителен начин да постигне нешто кое е прифатливо во „инфлуенсерскиот“ свет. Но уште позагрижувачки е што сето ова е општо прифатено. Одобрено.

Па така, додека некој се бори да гради, друг руши. Додека некој се бори да создаде нешто вредно, друг се занимава како да ја турне конкуренцијата. Единствениот начин да се успее е да се згазне на вратот на оној што пречи во остварување на целта, за да се биде „поуспешен“. Игрите што денес се играат не се на теренот на труд и знаење, туку се игри на интриги, подметнувања, огромно его и ситни интереси.

Искрено, се чудам, како толку инспиративност и креативност која ја имаат за правење сплетки, не ја искористија во правење нешто корисно и позитивно, па ќе се искачеа повисоко од она што се. Но, кој да им каже…кога сите вакви борци го користат истото оружје. Желбата да се уништи другиот.

Убаво е да имаш амбиција во животот, но амбиција водена од завист и неморал е чист отров.

И после се чудиме зошто ништо не оди напред? Како да оди напред, кога медиокритетите водени од своите големи ега се главните ликови. Системот се врти во круг, останатите се чувствуваат заглавени во некој вакуум простор и ниту имаат желба да се борат.

Дел ја прифатија оваа игра гледајќи колку тоа им успева. Но, дел сé уште даваат отпор и не сакаат да учествуваат во валканите игри. Можеби ќе изгубат неколку битки. Но војната, својата чест и достоинство, сигурна сум дека нема да дозволат да ја изгубат.

И сега не знам дали е правилно човекот со волк да го споредуваме…волците барем напаѓаат од глад, а луѓето од суета, злоба и завист.

Од памтивек волците колеле јагниња, а ниту едно јагне не заклало волк, но сепак во светот има повеќе јагниња отколку волци.
Свети епископ Николај

Интервју со Владанка Крстевски: Комедијата е најтешка за играње, но и најискрена
Публиката ја познава како водителка на емисијата „Качамак“, но Владанка Крстевски сигурно …
Бутин: Одбери ја силата што ќе те одведе до (не)нормалното – Њутнови закони
Сакаш да се движиш само по права рамна линија, и тоа по …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…