Секоја вечер си велам само една работа: Не нервирај се. Што било – било. Животот никогаш нема совршено да ти ги подреди коцките. И не треба. Никому не тоа не му го прави. Луѓето понекогаш се залажуваат дека сè ќе биде онака како што ќе посакаат. А нема. Животот не функционира така.
Понекогаш имаш чувство дека леташ. Понекогаш дека паѓаш. А сето тоа е знак дека живееш. Дека не стоиш во место. И дека си се обидувал да бидеш нешто во овој свет, колку и да се изјаловило на крај. Но си се трудел.
Секоја вечер посакувам само едно – да го забавам животот. Да одам со ритамот со кој оди душата. Да не се преправам дека можам секого да усреќам, развеселам или воодушевам. Не ми треба тоа, ниту пак можам. Ми треба само малку мир. И блискост со луѓето кои те разбираат без многу зборови.
А кога мојот свет ќе стане подобар, тогаш можам и нечиј туѓ да направам подобар.Навечер посакувам само една работа – да го закопам минатото. Од само една причина. За да подготвам место, утре да никне една малку подобра иднина.
— Марио Жувела









