Откријте ги најстарите мостови на светот кои го издржале тестот на времето и истражете ја нивната историја, архитектура и културолошка важност.
Можноста на мостовите да поврзуваат области разделени од природни препреки како реки или долини, ги прави едни од најзначајните компоненти на човековата цивилизација. Освен поврзувањето на одредени локации, некои мостови еволуирале со текот на времето во иконски репрезентации на инженерската моќ, архитектонската брилијантност и културното наследство. Мостовите што ќе ги претставиме го издржале тестот на времето и се едни од најстарите на светот!
Ponte Vecchio, Италија
Една од најпознатите знаменитости во Фиренца е мостот Ponte Vecchio, кој е изграден во 1345 година. Ова е еден од најневообичаените мостови во областа, а можеби и во светот. Покрај што ја преминува реката Арно, мостот има продавници изградени врз него по целата должина. Во минатото овие продавници биле касапници, а денес се златари и продавници за уметнички дела. Мостот ја издржал и втората светска војна.

Карлов мост, Чешка Република
Изграден во 1357, овој камен мост го поврзува стариот град со населбата со замоци во Прага, и е една од најпривлечните туристички дестинации. Од овој мост има прекрасни пејзажи кон Прашкото небо и реката Влтава. И покрај сите предизвици со коишто се соочил како војни и поплави, карловиот мост гордо стои откако беше изграден од кралот Карло IV.

Pont du Gard, Франција
Pont du Gard е Римски аквадукт – мост кој бил изграден во првиот век од новата ера и е зачудувачка величествена илустрација на Римското инженерство. Оригинално бил направен за да пренесува вода до римската населба Немасус – денешен Ним, и е структура на три нивоа што ја поминува реката Гардон. Еден од најдобро зачуваните примери на римската архитектура, мостот е под заштита на УНЕСКО како светско наследство. Мостот повеќе не се користи како аквадукт.

Риалто мост, Италија
Еден од четирите мостови кои го префрла големиот канал во Венеција и најстар е мостот Риалто, арковиден камен мост кој бил изграден 1591 година и е една од најпознатите знаменитости на градот. На истото место порано бил дрвен мост на местото на камениот. Модерниот мост, што е доволно цврст да ги издржи венециските толпи беше изграден откако дрвениот паднал.

Лондонскиот мост, Обединетото кралство
Лондонскиот мост таков каков што го знаеме е конструиран 1973 година, но историски потекнува од римската ера или приближно педесеттата година од новата ера. Рушен е и повторно граден повеќе пати низ историјата. Овој мост е клучен за поврзување на центарот на Лондон со јужен Лондон. За овој мост постои и детска песна “London Bridge is Falling Down”. Туристите често го помешуваат овој мост со попретставителниот Tower мост кој се наоѓа во близина.

Бруклинскиот мост, Соединетите Американски Држави
Бруклинскиот мост, и покрај тоа што е мост, е и споменик кој што мора да се посети доколку сте во Њујорк. Мостот е изграден во 1883 година поврзувајќи ги населбите Менхетен и Бруклин, префрлајќи ја Ист ривер. Овој мост е првиот мост со челични жици изграден на светот. Денес, над 100 000 возила дневно го поминуваат овој мост.

Ponte Sant’Angelo, Италија
Еден од најстарите мостови на светот, изграден во Рим во 134 година од страна на императорот Адриан – познат по градењето и по архитектонските достигнувања. Мостот го изградил за да го поврзе својот мавзолеум замокот Sant’Angelo со центарот на градот. Мостот ја префрла реката Тибер и ден денес е во употреба.

Камен мост, Македонија
Камениот мост во Скопје, кој ја префрла реката Вардар е во употреба и ден денес. Изграден е во 518 година после страшен земјотрес кој го разурнал градот, од страна на римскиот император Јустинијан I. Мостот е изграден од камен и има сводови под него што му даваат уникатен изглед. Низ годините, мостот претрпел големи штети и често бил обновуван, но никогаш не го загубил оригиналниот изглед.










