dejan grevovi

Пишува: Дејан Нашоку

Во времето на Данте, гревовите имале јасни контури: гордост, завист, ненаситност, страст, бес, лакомост, и мрзливост. Но времето се смени. Луѓето се сменија. Гревовите се претворија во нешто пофино, поинтелигентно, полесно за оправдување.

Денешниот човек не греши само телесно. Тој греши психолошки, морално, дигитално.

И затоа, денес ви ги претставувам Седумте модерни гревови.

1. Гревот на самосожалувањето

Најомилениот спорт на 21-от век. Луѓето повеќе не се борат — се самосожалуваат. Не бараат решение — бараат сочувство. Секој сака да биде жртва, бидејќи жртвата има највисок морален ранг.

Самосожалувањето е епидемија:
– луѓе што можат, но не сакаат.
– луѓе што знаат, но не се трудат.
– луѓе што секој ден бегаат од сопствените можности и ги обвинуваат другите што „не ги разбираат“.

2. Гревот на дигиталното лицемерие

Во реалност, никој никого не слуша. А на интернет, сите сакаат да го спасат светот.

Секој човек денес е хуманитарец со батерија на 3%, активист што никогаш не станал од креветот, филозоф со цитати што не ги разбира и моралист што не може сам себе да се поднесе.

Ова не е хипокризија. Ова е нова религија: бог со лице на предната камера и храм во коментарите.

3. Гревот на комфорот

Луѓето одамна не сакаат подобар живот, туку полесен живот. И затоа пропаѓаат.

Комфорот е најголемиот убиец на човечка сила и волја. Комфорот ги убива соништата, идеите, идните херои. Луѓето повеќе не страдаат од глад, туку од удобност што ги прави меки, бесмислени, празни.

4. Гревот на интелектуалната мрзеливост

Ова е еден од најопасните модерни пороци.

Луѓето не читаат. Не се информираат. Не учат. Но сите мислат дека знаат сè.

Интелектот се сведе на гуглање. Мислењето се сведе на споделување. Сѐ се сведе на еден лајк и две реченици од некој што нема ни три книги прочитано, а има триста мислења и коментари дневно.

Ова е грев што општеството го слави како „автентичност“.

5. Гревот на емоционалната манипулација

Ова е грев што го владее светот. Луѓето не сакаат љубов, туку повеќе сакаат моќ отколку љубов. Не сакаат разбирање, сакаат контролирање.

Секој втор човек денес е манипулатор. Од вина прави оружје, од тишина прави тортура, од љубов прави уцена. Да, за жал, се повеќе и повеќе има психопати и социопати.

6. Гревот на вечното незадоволство

Колку повеќе има човек, толку повеќе сака да се жали. Современиот човек живее полесно од било која генерација пред него, а сепак е најнесреќниот од сите.

Живот без цел → незадоволство.
Избори без граници → незадоволство.
Слобода без дисциплина → незадоволство.

Тоа е грев што ја труе душата.

7. Гревот на неодговорност

Навидум овие луѓе се возрасни, а реално се само пораснати деца со прескап телефон и преситни изговори.

Неодговорноста денес е најраспространетиот луксуз: да не преземеш вина, да не преземеш обврска, да не преземеш последица.

Кога нешто ќе тргне наопаку, вината е на времето, на луѓето, на системот, на детството, на хороскопот. Никогаш наша.

Ова е модерниот пекол. Модерната боженствена комедија.

Данте ги водел грешниците низ круговите. Јас само ве гледам како се движите низ вашите и ретко кој човек има храброст да го признае својот грев пред да осуди за туѓиот.

Не постои болест како омразата, нема дар како здравјето, ниту богатство како душевниот мир
Не постои болест како омразата. Омразата е емоционална состојба која може да …
ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола со 15 највисоки награди од 58. Детски Ликовен Конкурс во Германија
Меѓународниот натпревар по цртање FLOW, со седиште во градот Одра, Шведт, е …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…