Меѓународната жири комисија на еден од попрестижните светски детски ликовни конкурси кои по 28-ми пат го реализира Музејот за современа уметност од Цеље – Република Словенија ги објави резултатите според кој на годинешниот конкурс на кој учествуваа учесници од 15О школи од 3О држави сликаа на тема “Поглед кон минатото” со што генерираа фонд од над 8,5ОО детски ликовни цртежи.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола е редовен учесник на еминентниот светски детски ликовен конкурс од неговото формирање и оваа година се закити со 17 високи награди и признанија за исто толку детски ликовни дела на нивни ученици од кои три се златни медали.
Изборот на наградените уметнички дела го направи стручната комисија во која членуваа историчарката на уметност Уршка Тодосовска – Шмајдек ; ликовната уметница Сузана Сеница и Меланија Граховац.

Сите наградени уметнички дела ќе бидат изложени во Детскиот музеј “Herman’s Den” за периодот 2О25 – 2О26 година додека возрасната граница беше за млади ликовни уметници од 6 до 16 годишна возраст.
Учениците кои се закитија со награди – признанија се: Бојана Стефановска, Стефанија Димитријовска, Елиф Сулиманоска, Ромина Ресановиќ, Анастасија Димитријовска, Јана Талеска, Анабела Јовчевска, Матеј Јаневски, Јована Василевска, Ивана Влкановска, Давид Атанасовски, Сара Сотировска, Фросина Полизовска и Нина Пешевски.

„Максимално и обилно ги береме плодовите од квалитетот на цртежите кои нашите ученици ги создаваат во Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола. Не е мала работа 17 награди за големиот детски светски ликовен конкурс кој го организира Музејот на современа уметност во Цеље – Словенија. Oсобено горди сме на златните медали кои се доделени на Ана Марија Спировска за која се испраќа и специјална диплома и илустрација на Херман Лисицата, изработени од словенечката илустраторка Јелка Рајхман. Воедно со истата награда на златен медал но во своите возрасни категории се закитија и Андреј Миленковски и Луна Петковски кои исто така ќе добијат специјални дипломи за испратеното уметничко дело и илустрација на Херман Лисицата, изработена од словенечката илустраторка Јелка Рајхман.



Ова е огромен успех за нашето студио.” – истакнаа од ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола









