muzei

Откријте ги најуникатните музеи на светот каде што се претставени работи за кои што не сте ни помислиле.

Музеите не се секогаш за слики, статуи или стари историски книги. Ширум светот има некои многу чудни музеи што ги изненадуваат посетителите со нивните колекции. Овие места имаат чудни објекти, смешни идеи и необични приказни што никогаш не би ги очекувале во еден музеј. Овие места ни даваат шанса да го видиме светот низ хумор, љубопитност а понекогаш дури и шок

Интернационален музеј на шпиуни (САД)

Овој музеј кој се наоѓа во Вашингтон е за шпиуни и тајни агенти. Има кул направи како кармин – пиштоли и кодни машини што ги имаат користено вистински шпиуни во вистински операции. Тука можете да играте и шпиунски игри, да пробате да се движите низ ласери и да научите вистински приказни за шпиуните ширум светот.

Музеј на трајна убавина (Малезија)

YzFkNzZfYi5qcGc
YTQ2Yl9vLmpwZw
atlasobscura.com

Во Мелака, овој музеј покажува како различни култури ја гледаат убавината. Некои од традициите можат да ве изненадат како на пример врзувањето во Кина, прстените за истегнување на вратот во Африка или тетоважи што ги сметале за убави. Овде навистина ке се замислиме за тоа што се лугето не направила за да изгледаат „убаво“.

Исландски палолошки музеј (Исланд)

8172138329 ffdf754e88 h jpg
guidetoiceland.is

Необичен музеј во Рејкјавик што има колекција на примероци од пенис од скоро секој цицач што го има во исланд, дури и китови и фоки. Можеби звучи смешно или чудно, но се е за научна цел, анатомија и природа.

Музеј на лоша уметност (САД)

24 Opening 1
museumofbadart.org

Лоциран во Бостон, овој музеј истакнува уметнички дела кои не излегле баш така како што се планирало. Сликите изгледаат чудно и смешно, но во суштина тоа е поентата. Во овој музеј се покажува дека дури и лошата уметност може да биде креативна, може да не забавува и е вредна за погледнување.

Холот на опиумот (Тајланд)

shutterstockeditorial397797907
lonelyplanet.com

Овој музеј во северен Тајланд ја раскажува приказната за опиумот. Како е користен како медицинско сретство, како има предизвикано општествени проблеми и како ја има обликувано историјата. Изложени се цевки за конзумирање опиум, приказни за криумчарење и трговија со опиум дури и опиумска соба како што ја користеле уживателите а сега можеме да ја разгледаме.

Музеј на иднината (Дубаи)

1200px Museum of the future%2C Dubai
wikipedia.org

Овој музеј изгледа како да излегол од некој научно фантастичен филм. Самата зграда е ремек дело. Внатре можете да видите изуми, технологија и креативни идеи за тоа како би изгледал светот во иднина.

Музеј на чашки за нудли (Јапонија)

cup noodles hd
blog.gaijinpot.com

Во Јокохама и Осака, Јапонија, можете да најдете музеј кој е посветен на инстант нудлите. Посетителите можат да видат како нудлите се измислени, да си направат сами чашка за нудли дури и да си дизајнираат сопствено пакетче со нудли. Искуството е колоритно, забавно и вкусно.

Овие музеи ни кажуваат дека учењето не мора секогаш да биде сериозно и здодевно. Дали е шпионирање како таен агент, смеење на лоша уметност или дизајнирање на чашка за нудли, секој музеј нуди нешто ново и забавно. Овие музеи не потсетуваат дека историјата, културата и креативноста можат да бидат забавни и да уживаме во нив на многу различни начини!

Допирот ја намалува болката, депресијата и анксиозноста – истражување на германски експерти
Научното истражување спроведено од експерти од германскиот универзитет во Есен тврди дека …
Како да се заштитите од интернет измами за Black Friday
Црн Петок (Black Friday) е време на големи попусти и купувачка екстаза, …
Водовод Битола

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…