family 7727035 12801

Силните личности и силните карактери не се замараат што другите луѓе мислат за нив. Силните личности одат самоуверено помеѓу луѓето и нивната аура се чувствува оддалеку. Непробивна е и туѓите мислења не допираат до нив.

Оставете ги луѓето да мислат за вас што сакаат. Да не се обидувате да влијаете на нечие мислење за вас и да не се грижите за тоа што луѓето мислат за вас е луксуз на зрела личност која го победила стравот од одбивање.

Стравот од одбивање е многу чест и кај возрасните лица и е поврзан со стравот од самотија. Секогаш е таму каде што се и другите и секогаш е во друштво на срамот. Затоа, многу луѓе осаменоста ја доживуваат како нешто негативно и застрашувачко.

Ако постои страв, зборуваме за инстинкти. Човекот е на своето животинско инстинктивно ниво соочен со прашањето на преживување. Друштвените животни преживуваат поддржувајќи се една со друга, а да бидеш отфрлен од заедницата значи да умреш сам. Може да се речи дека овој страв ни е вроден.

depression 6773286 1280

Стравот од туѓо мислење е поврзан со стравот од одбивање од страна на друштвото, а стравот од одбивање е поврзан со стравот од самотија кој подлабоко е поврзан со стравот за својот живот и инстиктот за преживување. Личноста потсвесно мисли дека не може да преживее надвор од заедницата и без други луѓе. Како што гледате, се работи за замотано клопче од инстиктивни примитивни стравови кои сѐ уште живеат во човекот.

Од друга страна, човекот, иако друштвено суштество, далеку е од тоа дека е само животно. Цивилизацискиот развој во голема мера е заслуга на тие кои не се плашеле да бидат сами и отфрлени. Сепак, постоењето на стравот од отфрлање од страна на заедницата овозможило создавање на одредени правила во друштвото. Ако ги прекршите правилата ризикувате да не припаѓате во одбраниот круг. Овој страв е дирекно поврзан со приврзаноста и чуството за припадност. Ова последното е делумно поради хормонот окситоцин. Од моментот на раѓање тој хормон ни дава чувство дека сме сакани, дека нема да бидеме напуштени и дека сме битни и вредни. Окситоцинот дава чуство на радист, блаженство и задоволство кога сте во убав и хармоничен однос со некого. Негова спротивност е хормонот за стрес – кортизолот. Окситоцинот е хормон на мир и љубов кој има еден мал контраверзен недостаток – амнезички својства, односно личноста со зголемен окситоцин е склона на заборавање. Можеби затоа кога силно се поврзуваме за некого, лесно му простуваме, заборавајќи на болката која ни ја нанел.

Чувството на отфрленост е често маскиран во лутина, тага, огорченост, срам, чувство на неправда и е пропратен со мислите „Повторно сите ме напуштија и предадоа“, „Ќе останам сам до крајот на животот“, „Можеби сум неправедно оклеветен“, „Повторно сум обвинет без причина“, „Лош сум, недостоен, одвратен“, „Не е возможно некој да ме сака“.

sad boy 2634521 1280

Личноста вака зазема позиција на напад. Се обидува да се оправда да докаже на сите дека не се во право. Тој е во право што значи има право да остане во „чопорот“ и да не биде исфрлен. Доколку ја заземе оваа агресивна позиција, личноста не приметува дека уште повеќе ги врти сите против себе. Во друг случај, личноста паѓа во дисфорија, настојува да се изолира и станува невидлива. Како веќе да прифаќа да биде одбиена и како да гради план кон веќе познатото сценарио. Во трет случај, личноста не губи надеж дека ќе пронајде среќа во заедницата и ќе избегне осаменост. Но што е заедницата поблиска, толку се пострашни фантазиите од одбивање и личноста несвесно го оттурнува изворот на окситоцин.

Во сите овие случаи, воочуваме силна зависност од другите, страв од самотија, заглавеност во негативни емоции и обиди да се спречи отфрлањето. Тогаш личноста станува премногу попустлива, премногу прилагодлива или спротивно од тоа – премногу самостојна на површина, како да гради бедем околу себе, премногу одбрамбено настроена и во секој случај непредвидлива за другите.

Сега замислете личност која не се плаши од отфрлање затоа што пронашла заштита во себе и ѝ станало јасно дека мора да се потпре на себе. За таквата личност, самотијата не е казна туку извор на мир и инспирација. Таквата личност е толку храбра и зрела така што воопшто не се грижи за преживувањето и не се стреми да биде само прифатена од „чопорот“ или модерно наречено – друштво.

Листа на најуникатни музеи на светот
Откријте ги најуникатните музеи на светот каде што се претставени работи за …
Допирот ја намалува болката, депресијата и анксиозноста – истражување на германски експерти
Научното истражување спроведено од експерти од германскиот универзитет во Есен тврди дека …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…