hands 2847510 1280

Научното истражување спроведено од експерти од германскиот универзитет во Есен тврди дека допирот може да ја намали болката, депресијата и анксиозноста, а дека повеќе допир помага во ублажување на менталните и физичките заболувања.

Без разлика дали се работи за прегратка од пријател или допир на омилената ткаенина, чувството на допир е корисно и за телото и за умот, според истражувачите, пишува лондонски Гардијан.

Допирот е првото сетило кое се развива кај новороденчињата и е клучно за откривање на околината и комуникација со неа. Недостигот на физички контакт за време на пандемијата на Ковид-19 тешко погоди голем број луѓе ширум светот.

Голем број на студии само сугерираа дека допирот е корисен за нашето здравје, но сега експертите од Универзитетот во Есен преку своите набљудувања дојдоа до едноставен заклучок – допирот помага.

baby 2416718 12801

Д-р Хелена Хартман, коавтор на студијата од Универзитетската болница Есен, потврди дека повеќе успгласени допири во текот на денот може да помогнат да се ублажат менталните и физичките заболувања.

Истражувањето, објавено во списанието Nature Human Behavior, опфати 212 претходно објавени студии и интегрирани статистички анализи на 85 студии кои вклучуваат возрасни и 52 студии кои вклучуваат доенчиња.

Следете на социјалните мрежи!

meblo trejd baner 01
Листа на најуникатни музеи на светот
Откријте ги најуникатните музеи на светот каде што се претставени работи за …
Како да се заштитите од интернет измами за Black Friday
Црн Петок (Black Friday) е време на големи попусти и купувачка екстаза, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…