buffet 974742 1280

Турција е на чекор од драстични промени во туристичкиот сектор поради сè поголемото фрлање храна и растечките цени на намирниците. Властите во Анкара подготвуваат нови правила со цел да ги намалат загубите во угостителството и хотелскиот бизнис, а тоа би можело да значи и крај за омилениот „all inclusive“ систем.

За многумина, кога ќе се спомне летен одмор со „all inclusive“ понуда, првата асоцијација е сончевата Турција. Илјадници туристи од регионот таму уживаат во неограничени оброци и пијалоци. Но, според податоците на Турската фондација за спречување на фрлање храна, секоја година во земјата се фрлаат околу 23 милиони тони храна, а дури 35 проценти од овошјето и зеленчукот завршува во отпад.

Проблемот е најизразен во туризмот. Туристите, имајќи можност да земаат храна без ограничување, често земаат повеќе отколку што можат да изедат. Според Рамазан Бингол, член на Советот за земјоделска и прехранбена политика, дури половина од оброците за појадок во „all inclusive“ хотелите завршуваат во ѓубре.

food 5838035 1280

Поради тоа е подготвен извештај кој наскоро ќе му биде доставен на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Документот содржи предлози за промени во начинот на кој работат рестораните и хотелите.

Еден од главните предлози е воведување на принципот „избери што ќе јадеш“, односно заменување на „all inclusive“ моделот со „à la carte“ систем, во кој секој гостин ќе нарачува точно онолку колку што сака и може да изеде. Ваквото решение би го намалило расфрлањето, но и би ја зголемило свесноста на туристите за поодговорна потрошувачка.

Зошто да одите на бања оваа сезона?
Ако барате место каде што ќе се опуштите, ќе го подобрите здравјето …
Светски ден на менталното здравје – момент да застанеме и да се погледнеме внатре
Во светот што постојано брза, каде што денот ни минува меѓу рокови, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…