Ќе дојдеш и ти во годините кога веќе нема да ти биде гајле што зборуваат луѓето. Ниту како те гледаат.
И ќе откриеш една едноставна вистина – животот одеднаш станува поубав. Ни сам нема да знаеш како.
И ќе се прашаш зошто тоа чувство не си го доживеал порано. И зошто не си уживал повеќе во него.
Ќе дојдеш и ти во годините кога ќе сфатиш дека докажувањето дека си секогаш во право – повеќе не значи ништо.
Зошто и за кого?
Што добиваш кога некому ќе докажеш дека си бил во право, ако изгубиш добар однос?
А ако го изгубиш и сопствениот мир – вреди ли?
Ќе дојдеш и ти во годините кога една „обична“ ситница ќе ти значи повеќе од која било голема работа.
Повик од пријател. Насмевка од минувач.
Прошетка во природа. Поглед кон зајдисонцето.
И ќе сфатиш дека тоа не се ситници – туку сѐ.
Ќе дојдеш и ти во годините кога ќе престанеш да молчиш и да трпиш нешта што не ти одговараат.
И што те повредуваат.
Јасно ќе кажеш како се чувствуваш.
А ако другата страна не се грижи – едноставно ќе се свртиш и ќе си заминеш.
Годините многу учат човек.
Само штета што тоа не го учиме порано.
– Марио Жувела









