Незаборавна театарска вечер под отворено небо – Битолскиот театар ја најавува премиерата на комедијата „Рибарски караници“ на 25 јули, на магичната локација крај Ротинското езеро.
Оваа урнебесна комедија, во режија на Јован Ристовски, ќе биде првата театарска претстава што се игра на оваа туристичка атракција, а претставува уникатно спојување на природната убавина и моќта на театарската уметност.
На сцената ќе блеснат актерите: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.

Претставата е дел од проектот поддржан од Општина Битола, при што беше реконструиран и патот што води до езерото – уште еден доказ дека уметноста и театарот навистина можат да го менуваат светот.
Под езерското небо, во свежината на летната вечер, љубителите на театарот ќе имаат ретка можност да уживаат во делото на Карло Голдони, исполнето со хумор, емоција и исконска човечка приказна.
📍 Следната изведба е веќе закажана за 26 јули (сабота) од 20 часот.
🎟️ Билетите се достапни онлајн на следниот линк:
https://narodenteatarbitola.com/events/ribarski-karanici-p/
🚌 За публиката е обезбеден организиран превоз.
Не пропуштајте вечер полна смеа, љубов и магија – токму таму каде што театарот и природата се прегрнуваат.









