Во малата сала на НУ Завод и музеј денеска се отвори мултисензорната изложба „Музеј за сите“ под мотото „Сликите можат да се допрат, сликите зборуваат“ . На изложбата се презентираа 16 предмети од постојаната поставка на битолскиот музеј, а избрани се неколку предмети од секој период. Се работи за тактилни слики, кои покрај QR кодот, со тоа што слепите и глувите лица може да ја слушнат приказната за предметот или пак да го видат видеото на знаковен јазик.

muzel 5

„Оваа година за прв пат на тактилните слики покрај QR кодот се поставени NFC тагови. Овие тагови го детектираат телефонот и го активираат аудио записот за предметот и видеото на знаковен јазик. Всушност тоа е врска до информацијата на Јутјуб, местото каде се поставени аудио приказните и видеата на знаковен јазик. Во НУ Завод и музеј Битола има преку 100 премети кои се пристапни и достапни на овој начин. Нашата девиза е музејот да биде 24 часа достапен за сите. Според статистиката гледаме дека посетеноста е голема, не само во музејот туку и во виртуелниот свет, а претходно на работилниците правиме истражување што сакаат да слушнат и видат. Тие велат „Ништо за нас без нас“, вели Ирена Ружин, координатор на проектот.

muzel 13

„NFC технологијата е актуелна на светско ниво, технологија која е масовно достапна и секаде се применува само со помош на мобилните телефони“.

12-годишната Барбара Василевска, ученик во редовна настава во ОУ „Свети Климент Охридски“ Битола, ги поздрави присутните на изложбата и им се заблагодари на оваа установа што ги пресретнува потребите на слепите лица.

muzel 11

„Јас во музејот сум често и се чувствувам како дома, сум учествувала на многу тактилни изложба и  работилници, а многу ги сакам тактилните слики“, рече таа.

Претходно, на знаковен јазик, на присутните им се заблагодари и Филип, кој на Ружин во знак на благодарност и подари слика.

muzel 10

Во денешната изложба ќе се презентораат 16 предмети од постојаната поставка на завоид и музеј, избрани се од секој период поо нешто. Ги одбираме предметите кои можат да бидат прикажани тактилно.

Зошто да одите на бања оваа сезона?
Ако барате место каде што ќе се опуштите, ќе го подобрите здравјето …
Светски ден на менталното здравје – момент да застанеме и да се погледнеме внатре
Во светот што постојано брза, каде што денот ни минува меѓу рокови, …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…