20250925 222217 0000

Во свет каде децата сè повеќе време поминуваат пред екрани, предизвикот на родителите е да најдат активности кои ќе бидат и забавни и корисни. Еду Академија Битола преку своите LEGO програми нуди уникатен пристап кој ја спојува играта со учењето. Преку STEM методологијата децата градат, програмираат, експериментираат и – најважно – учат дека грешките не се пораз, туку дел од патот кон ново знаење. За тоа како LEGO коцките стануваат алатка за образование и развој, разговараме со Тања Стојковска, едукатор во Еду Академија Битола.

Edu Academy Bitola 19

Читај бе:  Денес многу родители се загрижени за времето кое децата го поминуваат пред екран. Како програмите на Еду Академија помагаат тоа време да се претвори во креативно и едукативно искуство?

Тања: Едукативните LEGO програми се осмислени токму да го претворат екранското време во нешто продуктивно. Наместо децата пасивно да гледаат видеа или играат видео игри, тие стануваат активни создавачи.

Децата со помош на LEGO коцки и едноставни дигитални алатки градат сопствени модели, програмираат роботи. Тоа го поттикнува рачното размислување ( hands-on learning ).

LEGO ја користи природна детска желба за игра при што се воведува СТЕМ поими: механика, инжинерство, роботика, основи на програмирање – на забавен и прилагодлив начин.

Наместо детето пасивно да го поминува времето  со телефон во рака или пред  тв екрани, ЛЕГО програми го прават да биде истражувач, креатор и решавач на проблеми- претворајќи го слободното време во креативно, едукативно и практично искуство.

Messenger creation 4796D8E2 DDCF 4903 BFDA C03A8A72190C

Читај бе:  Можете ли да објасните што точно значи STEM методологијата и зошто е важна за денешните деца и ученици?

Тања: СТЕМ (STEAM) е акроним што доаѓа од Science, Technology, Engineering и Mathematics – односно наука, технологија, инжинерство и математика. Тоа не е само список на предмети, туку методологија која ги поврзува овие области во процесот на образование.

Наместо предметите да се изучуваат изолирано, СТЕМ ги спојува во единствена целина. Цел е теоретското знаење да се поврзи со практичните вештини.

Ваков пристап ги поттикнува децата да бидат љубопитни, да поставуваат прашања, експериментираат, критички да размислуваат и да развиваат способности за решавање на проблем и тимски да работат.

На пример во текот на еден ЛЕГО час, учениците можат да направат мини-робот. За тоа им треба математика ( да пресметаат растојанија), физика ( да разберат како се движи), технологија ( да го програмираат) и инженерство ( да го состават).

Messenger creation AE310D5A 5F03 4AD5 A8D5 ADCC22AAB624

Читај бе:  Како преку STEM пристапот децата учат да ја гледаат грешката не како неуспех, туку како дел од процесот на учење?

Тања: Во денешно време децата  веруваат дека правењето грешки е знак на неуспех – дека не требаат ни да се обидат нешто да направаат, доколку тоа не можат да направат совршено од првиот пат.

Наместо да развиваат храброст и љубопитност, развиваат страв: страв од лоши оценки, страв дека ќе ги разочараат родителите или страв од исмејување од страна на врсниците.

Главна порака на LEGO методологија е да грешките не се пораз – туку дека тие се дел од патот на учење.

Учењето треба да се разбере како процес, а не како трка кон совршенство. LEGO методологија се темели на современи педагошки принципи, каде што се вреднува секој детски обид, внимателно се следи процес, а грешките служат како алатка за развој и анализа.

Messenger creation 0D62D790 3174 4159 B820 BD181C39FDA6 edited

Читај бе:  Во кои аспекти забележувате најбрз напредок кај децата – во техничките знаења, во комуникацијата или во самодовербата?

Тања: Во сите три наведени аспекти се забележува напредок кај децата.

Градење на сложени механизми со Лего коцки им помага да ги разберат техничките знаења. Преку експериментирање со различните видови на Лего елементи, децата откриваат како работат запчаници, макари, осовини, лостови.

Конструирање со Лего коцки не е само индивидуална активност. Кога децата ќе се здружат и заедно градат се развиваат социјални вештини и комуникација. Децата се учат на соработка со други, споделување на идеи, договор око заедничка цел. Преку игра со Лего коцки децата се учат за важноста на комуникацијата, толеранција и тимска работа, тоа се вештини кои ќе им бидат корисни во текот на целиот живот.

Кога децата ќе увидат дека нивните идеи имаат вредност и дека се подржани, децата развиваат самодоверба во нивните способности.

Messenger creation 4B6BFB58 C0C4 4BC6 83DF 22F1B330BF7F

Читај бе:  Колку е важно учењето преку игра да биде присутно и во формалното образование, а не само во неформалните академии?

Тања: Во својата суштина учењето преку игра е пристап каде учењето се одвива преку игра. Се потпира на природна љубопитност на децата и го поттикнува истражувањето, креативноста и решавање на проблемот. Токму овој пристап е битен да се воведе и во формалното образование, затоа што сложените концепти се претвораат во забавни и интерактивни искуства.

За разлика од традиционална училница која се потпира на пасивно предавање, учење преку игра активно го вклучува ученикот. Преку овој пристап децата стануваат креатори, работејќи на проекти кои им се забавни и возбудливи.

На децата треба да им се овозможи да експериментираат, грешат и да се обидуваат повторно во опуштена атмосфера.

Сето ова наведено упатува дека учење преку игра треба да биде присутно и во формалното образование. Учење преку игра овозможува децата да можат да се бават со учење засновано на проекти, наместо да учат теоретски, и да се фокусира на практично учење.

Преку игра, забавни насочени и едукативни активности децата полесно ќе го разберат градивото, полесно ќе го прифатат материјалот за учење и со радост ќе прифатат нови знаења.

Messenger creation E245390A 1B7D 4202 8CD0 FC9D1C9D37EA

Читај бе:  Многу родители често прашуваат што ќе научат децата покрај „играње со коцки“. Што најмногу ги изненадува кога ќе ги видат резултатите?

Тања: Играње и редење со LEGO коцки  преставува  многу повеќе од игра. Тоа е сериозен процес кој на многу начини влијае на когнитивен и моторен развој. Се поголем број на родители  забележале дека нивните деца преку редењето со LEGO коцки прераскажуваат приказни. Креираат свет од нивната мечта, ја подобруваат комуникација со нивните браќа и сестри и другари и развиваат лични вештини и помнење.

Родителите забележуваат промена. Децата стануваат поупорни, љубопитни, насочени кон истражување. Прашањата стануваат подлабоки и логични.

Секој пат, пред детето да почне да доаѓа на редовни часови во нашиот едукативен центар,  организираме бесплатен пробен час каде е присутно детето со родителот со цел подетално да го информираме за LEGO методологијата и да посочиме на сето она што ќе научи детето на LEGO часовите, кои вештини ќе стекне и кои се позитивни влиjаниа на програмата врз развојот на детето.

Реченици кои родителите често спомнуваат се:

Нашето дете веќе некое време одбива да оди на други активности, но доаѓањето на Лего часови е секогаш со задоволство прифатено – тоа е за нас најубав комплимент кој го добиваме. Веруваме дека тоа најмногу зборува за нас, за начинот на кој се работи со децата и за едукативните Лего сетови кои се интересни и забавни за децата од различна возраст. Природна состојба на детето е играњето, истражување, правење на грешки и учење од грешките, и ние се трудиме тоа да им обезбедиме на секој час.

Messenger creation F969FCD8 6863 46CF BF76 58E5F31D3A95

Читај бе:  Како се поттикнува креативноста и критичкото размислување преку LEGO наставата?

Тања: LEGO не се само играчки туку се моќна алатка за едукација и развој на деца, поттикнувајќи ја нивната креативност, интелектуални способности, критичко размислување.

Конструирање со LEGO коцки не само да се стимулира креативност, туку се развива моторичка координација и когнитивни способности..

Кога детето реди со LEGO коцки, размислува надвор од рамката и замислува различни можности и сценарија за конструкцијата. Тоа ја стимулира креативноста и иновативни вештини на решавање на проблем.

Критичко размислување е една од најважни животни вештини и е клучна за постигнување успех во животот. Не само да создава цврст карактер, туку создава и мудра личност која во исто време е скромна и успешна.

LEGO коцки се одлично средство за создавање на критичко размислување. Бескрајни можности им овозможуваат на детето да ја ослободи мечтата. Градејќи различни модели, децата треба да бидат поттикнати повеќе да користат нивен мозок како на нивните идеи да им се даде живот. Додека детето гради,  активно ги движи неуроните во текот на целиот процес

Messenger creation 3EB34B05 01A4 4A3E 9029 D17C8BE55A39

Читај бе:  Секоја генерација носи нови интереси и предизвици. Како ги прилагодувате програмите за да одговараат на денешните деца?

Тања: Родителите кај новите генерации на деца сведочат дека не е лесно да се пронајде  активност која во исто време е забавна и корисна, а при тоа децата да задржат внимание повеќе од половина час.

LEGO програми и едукативни сетови успеваат да спојат се она што децата сакаат – игра, предизвик, заедничка работа, истражување и едно искуство кое не личи на школски час, но создава знаење кое е трајно.

Овозможуваме забавни и едукативни активности кои спојуваат роботика, технологија и игра. Нашите програми подразбираат употреба современи технолошки алати како би ја развивале технолошки вештини, креативност, логика и соработка.

Преку LEGO програми науката не се учи напамет, туку се истражува преку игра, физика не се запишува во тетратка, туку се гради во просторот. Секое како? и зошто? добива конкретен одговор преку тестирање и експериментирање.

Темите на изучување се разновидни: од природни науки, историја, технологија, друштвени и креативни предизвици. Се е поврзано со она што на децата им е веќе познато.

Читај бе:  Кои се вашите очекувања од уписите оваа година и што би им порачале на родителите кои размислуваат дали да ги запишат своите деца во Еду Академија?

Тања: Уписите за LEGO програмите се во тек и траат цела година. Очекуваме како и секоја година нови членови и заеднички интeресни СТЕМ искуства за ученици на возраст од 4 и пол години до 11 годишна возраст.

Messenger creation 9ED0752D 7337 4D59 90A6 79FA296CF3F2

Порака до родителите:

Доколку барате едукација која вклучува и глава и срце, постои место каде LEGO коцките не се само играчки. Туку се алатка за создавање на знаење и вештини.

Тој свет се вика Edu Academy Битола.  Доколку сакате Вашето дете да развива нови знаења, логика, мечта, СТЕМ вештини, Edu Academy не е само добра идеја, Тоа е искуство кое се памети. Заедно градиме, откриваме и учиме.

 Доколку и Вие сакате Вашето дете преку игра да дојде до свои први иновации, добро дојдовте во нашиот едукативен центар.  Резервирајте место на време и бидете дел од нова авантура!

Читај бе:  Дали е потребно претходно искуство за да се вклучи детето во LEGO програмите, или може да започне од почетно ниво?

Тања: Претходно искуство со LEGO коцки не е потребно. Најбитно е детето да изрази желба за учество во Лего работилници. На секое дете според неговата возраст се нуди соодветна LEGO програма. За најраната детска возраст нудиме почетни програми, а за деца од училишна возраст нудиме понапредни програми кои вклучуваат роботика, почетно програмирање, работа со електромотори и други современи технолошки уреди.

Кога Пелистер станува ателје – интервју со Симона Мирчевска за уметноста „на отворено“
Под Пелистер, каде секоја светлина има своја тишина – уметницата и архитектка …
Емпатите и нивната неверојатна способност да читаат луѓе
Емпатите имаат способност интуитивно да „гледаат низ луѓето“ — но не во …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…