Да се оддалечиш – тоа е уметност.
Од работи што не те засегаат.
Од луѓе кои зборуваат едно, а прават друго.
Чекор, два чекора, сто чекори подалеку од оној што им се потсмева на твоите соништа и кому твоите чувства ништо не му значат.
Да се оддалечиш – тоа е уметност.
Од оној што те исцрпува, а се претставува како твој лек.
Од сè што не е за тебе, што не го заслужуваш и по што останува само горчлив вкус во срцето.
Тажен воздиш во градите.
Да се оддалечиш – тоа е уметност.
Од сè што сака да те прилагоди на себе и не ти дозволува да бидеш тоа што си.
Од сè каде што еднаш си доживеал повреда, удар или разочарување.
Зашто луѓето ги повторуваат истите работи.
Дури и тогаш кога велат дека ќе се променат и ќе бидат поинакви.
Да се оддалечиш – тоа е уметност.
Да научиш, конечно, да бидеш сам со себе.
Да го почувствуваш непроценливиот дар на слободата.
И без страв од самотијата, да живееш со полни гради.
Благодарен за сè што си и што го имаш.









