teatar press zigl

Битолскиот театар ја одржа првата прес-конференција за 2025 година, на која беше најавена првата премиера – „Жиголо“, дело на Игор Кузмановски, во режија на Благој Мицевски.

Премиерата на „Жиголо“ е закажана за 1 март 2025. Претставата истражува границите меѓу вистината и маските што ги носиме. Режисерот Мицевски посочи дека се обработуваат актуелни теми како виртуелниот свет и социјалните маски.

zigolo 2

Во главните улоги се Марјан Георгиевски, Соња Михајлова, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илиевски и Никола Пројчевски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

zigolo

Директорот Васко Мавровски информираше дека во сезоната ќе има 10 премиери, меѓу кои 3 праизведби, детска претстава и две претстави за училиштата. Министерството за култура и туризам поддржува 4 проекти, вклучувајќи го 11. издание на „Битола Шекспир Фестивал“ и гостување во Ерменија. НТБ ќе реализира шест проекти со сопствени средства, меѓу кои: „Којзнае зошто?“, „Чорбаџи Теодос“, „Рибарски караници“, „Пламенка“ и „Пипи Долгиот Чорап“.

Битолскиот театар бележи раст – од 14 изведби и 3088 посетители во 2024, на 20 изведби со 4880 посетители оваа година. „Тоа зборува дека кампањата „Дојдете во театар“ и посветеноста на сите вработени кои деноноќно се во театарот, ги даде своите резултати. Горди сме на тоа што го правиме и јавно изразувам благодарност до секој еден посетител кој одделил дел од своето време и го посетил Битолски театар. Во месец февруари морам да кажам дека немавме претстава во која имавме празно седиште“.

Најавена беше и Монографијата „Народен театар Битола“, на авторот Иван Додовски, испишана на 310 страници. „Сметам дека сме гигант помеѓу театрите и први сме во државата кои успеавме да изработиме монографија која е црно бела“, истакна директорот за Монографијата за која ќе има посебна промоција.

Lago Bianco – алпска бајка на врвот на Швајцарија
Lago Bianco во Швајцарија е едно од највпечатливите алпски езера, познато по …
Занимливости за цвеклото – супер­храна со силна боја
Цвеклото е едно од најздравите и најпотценети зеленчуци, богато со витамини, минерали …
jk viber

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…