man

Сте забележале ли колку е тешко да предизвикате личност која е духовно освестена? Тоа е како да се обидувате да поместите планина со пердув. Што и да правите, таа стои мирна и во рамнотежа.

Можете да ја задевате, да ѝ ги критикувате изборите што ги прави или дури и да ја нарекувате со смешни изрази, но самоконтролата на оваа личност е толку голема што едноставно не реагира на вас. Се чини дека ништо од надворешниот свет не може да го наруши неговиот внатрешен мир.

Самотијата, самувањето на многу начини создава огромна внатрешна сила. Кога сте сами – но вистински сами – морате да се соочите со сопствените внатрешни проблеми, мрачната страна на својата личост од којашто обично сакате да побегнете. Во овие мирни моменти повеќе не можете да се сокриете од своите стравови, несигурност или грешки од минатото. Почетокот е непријатен, дури и болен, но со тек на време, додека ги гледате вашите сопствени внатрешни демони в лице, почнувате да ги победувате еден по еден. И секоја таква победа над сомневањето, стравовите и слабостите ве прави посилен и посигурен во себе.

Тоа е она што на духовните луѓе им дава таква непробојна отпорност. Своите најтешки битки не ги водат со другите туку со самите себеси. Кога ќе најдете начин како да управувате со со вашиот внатрешен хаос, надворешниот свет повеќе не може да ве извади од рамнотежа. Навредите критиките или острите зборови се лизгаат од вас како водата од каменот. Внатрешно веќе сте извршиле тешка работа, така што ништо однадвор не може да го наруши вашиот мир кој сте го создале за себе.

man 2915187 1280

Модерните самотници не се кријат повеќе длабоко во шумата. Тие совршено се прилагодуваат на бучниот градски живот како камелеони кои се прилагодуваат на опкружувањето. Се чини дека се скриени, тивко набљудуваат како светот околу нив се движи, често несвесен за нивното присуство. Оваа способност да останат невидливи им овозможува да се стекнат со подлабоко разбирање на тие околу нив. Поради тоа што не привлекуваат внимание на себе, луѓето околу нив се чувствуваат опуштено и дозволуваат нивните вистински емоции да се појават. Затоа е толку тешко да ги измамите.

Поминувајќи многу време во самотија и набљудувајќи сè околу себе, духовните луѓе акумулираат неверојатна количина на знаење за човековата природа. Забележуваат ситни детали кои другите не ги гледаат и знаат да ги разберат вистинските намери од зборовите и делата на луѓето. Се чини дека имаат внатрешна рентгенска способност да гледаат низ површинските слоеви и да продираат длабоко во мотивите кои ги движат другите луге. Затоа во нивно присуство имате чувство како да гледаат низ вас и како да знаат повеќе за вас од вас лично.

Сетете се колку е тешко мирно да седите првиот пат кога почнувате со молитва. Вашиот ум се исполнува со бесконечни мисли, и почнувате да се чувствувате немирно, вознемирено и ви станува досадно. Исто така, луѓето кои се изненадно соочени со самотија често чувствуваат очај, како да не можат да ја поднесат тишината. Недостатокот на комуникација предизвикува неугодност, но за духовните луѓе ова искуство е потполно различно. Имаат научено како со медитација да ги прифатат овие моменти. Исто како што научиле како да ги смират своите умови и ја совладале уметноста на претворање на осаменоста во нешто убаво. Исто како алхемичарите кои го претвораат оловото во злато, така духовно развиените луѓе ја претвораат самотијата, кои многумина ја сметаат за нешто болно и неиздржливо, во нешто вредно. Во својата самотија не чуствуваат празнина која ја чувствуваат другите. Наместо тоа, имаат пронајдено радост, среќа и мир, нешто за кое многу трагаат цел свој живот. Како старата изрека – Дом е местото каде што осаменоста исчезнува.

man 888591 1280

За духовните луѓе, овој дом не е во другите луѓе или надворешните околности туку во самите нив. Парадоксално, кога се сами, никогаш не се чувствуваат осамено. Во себе создаваат простор во кој се чувствуваат длабоко поврзани со својата суштина претворајќи ја осаменоста во удобност, а не во изолација.

Според Хавиер Бардем – полесно е да воочиме што не дели отколку што не спојува.

Духовните луѓе добро ја разбираат оваа вистина. Додека повеќето од нас се склони на нагласување на разликите, духовните луѓе низ периодите на длабока самост научиле да слушнат нешто повеќе – неизговорените емоции кои сите нè спојуваат. Имаат поминато толку многу време истражувајќи ги своите внатрешни светови, па развиле сочувствителност и за чувствата на другите кои ретко ги кажуваат отворено. Овие луѓе имаат скоро интуитивна способност да ја пронајдат болната точка на некого – нешто што луѓето го сокриваат дури и од самите себе. Тоа им дава уникатна предност како во приватниот така и во професионалниот живот. Во личните односи, можат да понудат утеха и разбирање таму каде што другите тоа не го гледаат. Имаат способност да се поврзат со лугето на духовно ниво, занемарувајќи ги разликите, фокусирајќи се на тоа што е навистина важно, а па ова истото на професионален план е непроценлив квалитет. Денес, повеќе од кога било, многу е важно луѓето да се чувствуваат разбрани. Било да е во прашање избор на услуги или производи, нè привлекуваат тие што вистински нè чуствуваат. Духовните луѓе, низ својата способност да ги гледаат скриените проблеми, се поврзуваат со другите на начин што ги прават да се чувствуваат забележани и почитувани.

Долгите периоди на самотија и интроспекција овозможуваат духовните луге да развијат неверојатна свест. Толку добро се разбираат себеси што јасно знаат што сакаат, а што не сакаат во животот. Тоа ја прави нивната комуникација со другите многу дирекна. Кога разговарате со нив, нема да слушнете никакво колебање или прекумерен разговор. Разговорот со такви луѓе е како да гледате документарен филм на којшто сте го прескокнале воведот и сте преминале дирекно на главното.

Не губат време на споредни теми и веднаш преминуваат на главното, а поради својата длабока поврзаност со себеси, овие личности се и многу одлучни. Ако ги замолите за нешто – ќе добиете брз и јасен одговор да или не. Не мораат да се сомневаат или да се чувствуваат виновни, и се задоволни со своите одлуки и знаат дека да речат не е подеднакво важно како да речат да. Или како што вели старата шпанска народна мудрост: во подарокот на барањето е големината на одбивањето. Овие луѓе знаат дека туѓото барање во никој случај не ги обврзува на прифаќање. Слушајќи ги сите со почитување, никогаш не би ги жртвувале сопствените принципи само за да задоволат некој друг. Ако вашето барање не одговара на нивните верувања ставови и желби – ќе бидете одбиени.

Оваа јаснотија на умот им овозможува да донесат одлуки кои се во склад со нивната суштина без ни малку вина или желба да ги задоволат другите. Оваа ментална јаснотија е тоа што ги издвојува од другите, овозможувајќи им да делуваат искрено и чесно во секоја ситуација.

Интервју со Татјана Гогоска: „За креативноста нема пензија“
Разговараше: Сара Танаскоска Во година кога одбележува импресивни 40 години новинарска работа …
За лицемерното смирение…
Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…